Еден загинат и 22 повредени во сообраќајки во Скопје за време на викендот


Едно лице загинато и 22 повредени, од кои едно потешко, е билансот од вкупно 25-те сообраќајни незгоди што се случиле на подрачјето на Скопје за време на викендот. Во 14 сообраќајки причинета е материјална штета.

Според извештајот на СВР Скопје, за време на викендот 116 возачи возеле побрзо од дозволената брзина, а од сообраќај се исклучени 35 возачи кои управувале автомобил пред да се стекнат со возачка дозвола, осум возачи кои возеле под дејство на алкохол и четворица возачи почетници.

Од сообраќај се исклучени и 25 нерегистрирани возила и едно технички неисправно возило.

Сообраќајната полиција издала казни за 145 непрописно паркирани возила, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 141 возило.

На крстосница на црвено светло поминале 11 возачи, двајца не им дале предност на минување на пешаци, а петорица неправилно се престроиле.