СДСМ: Филипче нема никаква поврзаност со јавните набавки


ВМРО-ДПМНЕ пласира лажни вести за да го покрие деструктивното однесување за клучните прашања за иднината, во здравството се работи транспарентно и одговорно, реагира со соопштение владејачката СДСМ по обвинувањата за тендерите на хематологија.
„Фактите говорат дека Министерот за здравство нема ниту мандат ниту каква било поврзаност со овие јавни набавки за јавните установи, односно постапките се во целост децентрализирани. Јавни набавки на лекови и медицински средства за потребите на јавните здравствени установи се спроведуваат согласно потребата на секоја установа одделно. Согласно со Законот за спречување на судир на интереси, како што соопшти Министерството за здравство, преземени се сите чекори.Управниот одбор на клиниката за хематологија со одлука и ги има одземено сите надлежности, и директорката не може да влијае во процесот на јавните набавки. Дополнително, претседателот на Управниот одбор на ЈЗУ Клиника за хематологија е овластен како потписник во овој процес на јавни набавки, од страна на управниот одбор на Клиниката“, реагираат од СДСМ.