СДСМ доби градоначалник во Охрид


Првичните неофицијални резултати од предвремените избори за градоначалник на Охрид укажуваат на победа на кандидатот на коалицијата предводена од СДСМ, Константин Георгиески. Според преброените 29 илјади или 90 проценти од гласовите, Георгиески има убедлива предност од речиси четири илјади гласа пред противкандидатот на ВМРО ДПМНЕ Митре Милошевски. Во изборниот штаб на СДСМ во Охрид веќе […]

Алтернатива му ја честита победата на Пендаровски


Политичката партија Алтернатива му ја честита победата на Стево Пендаровски, а изборите ги оцени како коректни, со што, како што истакнуваат, е загарантиран евро-атлантскиот пат. -Како во првиот, така и во вториот круг, изборите беа коректни, праведни и не се забележани инциденти, кои можеа да му наштетат на кредибилноста на изборниот процес. На овој начин државата […]

МОСТ: Пендаровски победи со 51,51 отсто пред Силјановска Давкова со 44,93 отсто од гласовите


На претседателските избори кандидатот Стево Пендаровски освои 51,51 отсто од гласовите, а неговата противкандидатка Гордана Силјановска Давкова 44,93 отсто покажуват резултатите од ПВТ на Граѓанската асоцијација МОСТ. Како што кажа претседателот на МОСТ Дарко Алексов на последната прес-конференција на Граѓанската асоцијација по изборниот ден одѕивот на изборите од ПВТ програмата изнесува 46,55 проценти со маргина […]

Костадинов: Пендаровски има сигурно и стабилно водство и очекуваме да биде прогласен за претседател


Според половината од пристигнатите резултати од обработени изборни гласачки места тенденција на сигурно и стабилно водство покажува заедничкиот кандидат Стево Пендаровски и очекувам таа тенденција да се задржи и тој да биде прогласен за претседател, изјави вечерва на прес-конференција портпаролот на СДСМ Коста Костадинов. Пендаровски, како што посочи Костадинов, води пред Силјановска Давкова со над […]

Преброени над 80 проценти од гласовите: Пендаровски 53,20 отсто, Силјановска 43,27


Според првичните резултати објавени на веб страницата на Државната изборна комисија од обработени 81,26 отсто од избирачките места, води претседателскиот кандидат на СДСМ и Коалицијата Стево Пендаровски со 53,20 проценти, пред кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Гордана Силјановска Давкова со 43,27 отсто. Неважечки ливчиња се 3,53 отсто. Одѕивот во вториот круг на претседателските избори до […]

Преброени над 70 проценти од гласовите: Пендаровски 53,81 отсто, Силјановска 42,69


Според првичните резултати објавени на веб страницата на Државната изборна комисија од обработени 71,92 отсто од избирачките места, води претседателскиот кандидат на СДСМ и Коалицијата Стево Пендаровски со 53,81 проценти, пред кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Гордана Силјановска Давкова со 42,69 отсто. Неважечки ливчиња се 3,50 отсто. Одѕивот во вториот круг на претседателските избори до […]

Со зурли и тапани се слави пред седиштето на СДСМ


  Со зурли, тапани, македонското и европското знаме се слави победата на кандидатот за претседател Стево Пендаровски, пред седиштето на СДСМ. Како што се зголемува бројот на пребројани гласови по вториот изборен круг, а останува предноста на Пендаровски пред противкандидатката Гордана Силјановска Давкова, група граѓани донесоа зурли и тапани пред седиштето на СДСМ, каде се […]

Преброени над половина од гласовите: Пендаровски 55,51 отсто, Силјановска 41,05


Според првичните резултати објавени на веб страницата на Државната изборна комисија од обработени 50,80 отсто од избирачките места, води претседателскиот кандидат на СДСМ и Коалицијата Стево Пендаровски со 55,51 проценти, пред кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Гордана Силјановска Давкова со 41,05 отсто. Неважечки ливчиња се 3,44 отсто. Одѕивот во вториот круг на претседателските избори до […]

Спасовски: Изборите поминаа во мирна атмосфера со мал број неправилности


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски оцени дека изборите поминале во мирна и фер атомосфера, а граѓаните покажале зрелост и одговорност да одлучуваат за иднината. „Имавме одлично спроведен изборен ден со незначителен број на неправилности без нарушување на јавниот ред и мир“, рече Спасовски. Тој им се заблагодари на припадниците на полицијата што овој пат, […]

Кирацовски: Пендаровски е во водство


Успешни, слободни, фер и демократски избори со постигнат цензус, е првата оценка на генералниот секретар на СДСМ Александар Кирацовски по затворањето на гласачките места во вториот круг од претседателските избори. „Гласот на секој граѓанин денес е јасен придонес кон таа напредна иднина. Граѓаните масовно го искористија своето гласачко право на мирен и достоинствен начин и […]

ДИК: Пендаровски 57,64 проценти, Силјановска 38,95 отсто


Според првичните резултати објавени на веб страницата на Државната изборна комисија од обработени 32,72 отсто од избирачките места, води претседателскиот кандидат на СДСМ и Коалицијата Стево Пендаровски со 57,64 проценти, пред кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Гордана Силјановска Давкова со 38, 95 отсто. Одѕивот во вториот круг на претседателските избори до 18:30 часот изнесуваше 44,5 […]

Бајрами: Изборниот ден помина во најдобар ред


Изборниот ден помина во најдобар ред, со исклучок на еден настан пријавен на територија на Вишо јавно обвинителство Гостивар, изјави денеска на прес-конференција јавниот обвинител и претседател на Комисијата за следење на изборни нерегуларниост поврзани со изборите, Џелал Бајрами. До 19 часот до основните јавни обвинителства, посочи Бајрами, нема други пријавени настани поврзани со денешниот […]

ДУИ: Успешниот процес е извонреден резултат


Во ДУИ на првата прес-конференција по завршување на гласањето истакнаа дека се задоволни од придонесот на партијата во двата изборна круга со што е овозможен цензусот и предноста на нивниот концепт. Сметаат дека успешниот процес е извонреден резултат успешно завршен и во согласност со европските стандарди. -Нашите првични неофицијални проценки се дека има околу 90.000 […]

Јанушев: Власта е детронизирана, ВМРО-ДПМНЕ се враќа на голема врата


  Шефот на изборниот штаб на кандидатот за претседател Гордана Силјановска-Давкова и генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, рече дека денес народот победил и сѐ освен победа на професорката Силјановска фрла сомнеж на изборот. „Власта не беше на ниво. Забележани се нерегуларноти. Овие нерагуларности се од паника и од страв. Привилегии кои народот им ги […]

СДСМ: Изборите беа фер и демократски, очекуваме победа на Пендаровски


Денешните избори беа успешни, фер, слободни и демократски оценија вечерва од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. – Постигнат е цензус. Тоа покажува дека граѓаните пристапија одговорно пред одлуката за заедничката иднина. Гласот на секој граѓанин денес е јасен придонес кон таа напредна иднина. Граѓаните масовно го искористија своето  гласачко  право на мирен и достоинствен начин и […]

Касами: Да покажеме дека припаѓаме на ЕУ


Претседателот на партијата Беса Билал Касами го исполни своето право на глас во Тетово. Гласаше на избирачкото место 1947 во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“. – Денеска ја искористив мојата граѓанска можност да гласам на претседателските избори, за да дадема можност Македонија да оди напред во годината 2019 кога очекуваме да добиеме датум за отворање на преговори […]

ДИК: Пендаровски 65,79 проценти, Силјановска 31,07 отсто


Според првичните резултати објавени на веб страницата на Државната изборна комисија од обработени 11,56 отсто од избирачките места, води претседателскиот кандидат на СДСМ и Коалицијата Стево Пендаровски со 65,79 проценти, пред кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Гордана Силјановска Давкова со 31,07 отсто. Одѕивот во вториот круг на претседателските избори до 18:30 часот изнесуваше 44,5 проценти.

Иванов: Идниот претседател да го сочува достоинството на институцијата


Како и сите граѓани и јас лично очекувам овој изборен ден да помине во најдобар ред и веќе вечер да знаеме кој ќе биде петтиот претседател на државата, изјави претседателот Ѓорге Иванов откако гласаше во вториот изборен круг на избирачко место во Средното училиште „Јосип Броз Тито“. Иванов очекува идниот претседател да има многу помирен […]

Џафери: Очекувам да биде исполнет цензусот


Со изборот на претседател ќе го заокружиме процесот на евроатланските интеграции, изјави претседателот на Собранието, Таљат Џафери, кој утрово, во родното Форино, придружуван од сопругата, гласаше во вториот круг од претседателските избори. Џафери очекува изборниот процес да мине мирно, исто како во првиот круг, бидејќи, како што нагласи, нема причини да не биде така. Смета […]

Пендаровски: Очекувам уште поубедлива победа


Кандидатот за претседател на државата Стево Пендаровски очекува мирен изборен ден и, како што рече, уште поубедлива победа во вториот круг на претседателските избори. -Денешниот изборен ден во вториот изборен круг почна мирно. Јас искрено се надевам и верувам дека така и ќе заврши. На тој начин ние ќе покажеме дека како држава сме подготвени […]