На Табановце се чека половина час, на Богородица до 15 минути


На граничниот премин Табановце попладнево за излез од државата се чека половина час, а на граничниот премин Богородица околу 10 до 15 минути, соопшти Авто-мото стојзот на Македонија.
На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги чекања за влез и за излез од државата.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.