Скопјанец претепан на кеј, по десетина дена починал во болница


Скопјанец кој пред десетина дена бил претепан на Кеј, вчера починал во болница, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.
Инцидентот се случил на 3 август, во 2 часот по полноќ на улицата „Кеј 13-ти Ноември“.

Непознато лице го нападнал шеесет и шестгодишниот скопјанец и го претепал. Со модринки на левото око и расекотина на десниот образ човекот бил примен на Невро – хиругија во комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Полицијата по преземени мерки го пронашла напаѓачот и утврдено е дека се работи за четириесет и тригодишен скопјанец. Телото е предадено на обдукција за да се утврди од што починал нападнатиот човек.

Напаѓачот бил приведен во полициска станица и против него е поднесена прекршочна пријава. Со оглед на тоа што човекот по неколку дена почина во болница, се очекува обвнителството да го преквалификува делото и против напаѓачот да биде поднесена кривична пријава.