Системот ќе функционира кога ќе се апсат судии


Ниту еден судија или обвинител не се препознава во сè почестите изјави на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој во телевизиска емисија пак „распали“ по судиите и обвинителите оти не извлекле поука од бегството на поранешниот премиер Никола Груевски. Според Спасовски, системот не функционера поради што бизнисменот Орце Камчев и поранешниот директор на УБК, […]

Естонија го ратификува Протоколот за НАТО


Естонија- Естонија го ратификуваше Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО. Естонскиот парламент едногласно без ниеден глас против вчера даде зелено светло за приклучувањето на земјава во Северноатлантската алијанса. Естонија е 17-та земја што го ратификуваше Протоколот, откако тоа минатата недела го стори и германскиот Бундестаг. Постапката за ратификација вчера почна и во Сенатот […]

Тимови на Црвениот крст од денеска ќе патролираат низ централното градско подрачје


Од денеска по два мобилни тима на Црвениот крст на Град Скопје во периодот од 11:00 до 16:00 часот ќе патролираат низ централното градско подрачје и на поголемите автобуски постојки и притоа ќе даваат совети на граѓани за заштитата од топлотнитиот бран, а доколку е потребно ќе укажат и прва помош. – Црвениот крст на […]

Холандскиот парламент блокира преговори со Албанија, но не и со Македонија


Холандија – Холандскиот парламент синоќа се изјасни против отворањето на преговорите со ЕУ за Албанија, но ја отфрли истата резолуција што се однесува на Северна Македонија. Парламентот во Холандија вчера гласаше за четири резолуции поврзани за проширувањето на ЕУ, но само таа против Албанија доби мнозинство гласови, вклучително и од владејачките партии, со 105 гласа од […]

Пратеници од германскиот Бундестаг во работна посета на земјава


Пратеници од германскиот Бундестаг денеска ќе бидат во работна посета на Собранието на Република Северна Македонија. Како што соопшти собраниската прес-служба германските пратеници ќе се сретнат со претседателот на Собранието Талат Џафери, со Владимир Ѓорчев, претседател на Пратеничката група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентот на Сојузна Република Германија и членовите и со […]

Премиерот Заев на средба со канцеларката Меркел


Премиерот Зоран Заев денеска во рамки на дводневната посета на Германија ќе има средба со канцеларката Ангела Меркел на која една од клучните теми ќе биде токму датумот за старт на преговорите со ЕУ што треба да биде утврден и на претстојниот самит на лидерите на земјите членки на Унијата на 20 и 21 јуни […]

Привремен режим на сообраќајот на булеварот „Партизански одреди“


Поради изведба на градежни работи за реконструкција на коловозот на булеварот „Партизански одреди“, на потегот од булеварот „8.Септември“ до мостот „Обединети нации“, од денеска ќе биде воведен привремен режим на сообраќајот. Привремениот сообраќаен режим ќе се воведува во неколку фази. Во првата фаза ќе биде затворена крајната десна сообраќајна лента на булеварот „Партизански одреди“, на […]

Промовирана книгата „Албанците од Македонија и иднината на државата“ од Махи Несими


Книгата „Албанците од Македонија и иднината на државата“ од авторот Махи Несими беше промовирана денеска на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово. Оваа е петта книга на авторот, инаку поранешен новинар, политичар и амбасадор во Хрватска. -Ние Албанците во Македонија направивме многу малку за да оставиме пишани документи за важни настани од нашата историја овде. […]

Рикер: Северна Македонија сработи одлично, преговорите со ЕУ треба да започнат што поскоро


Администрацијата во Вашингтон е убедена дека Северна Македонија е на вистинскиот пат за зачленување во ЕУ и дека претпристапните преговори на земјата со Брисел треба да започнат што поскоро, изјави за МИА Филип Рикер, заменик помошник државен секретар за Европа и Евроазија. Разговорите што Администрацијата ги води со европските сојузници и партнери и препораката на […]

Богоев: Со работа покажуваме дека Карпош е дел од современиот свет


Спортскиот центар „Партизан“ треба да биде пример дека нема да дозволиме пропаѓање на јавните добра, на објектите кои се од јавен интерес. За рекултивирањето на јавните површини/објекти и нивна пренамена, како и правилното управување со отпадот, рече градоначалникот Стефан Богоев, на панел дискусијата во рамки на првата не – конференција: „Green City Unconference: A city […]

Могерини: Северна Македонија треба да добие датум за почеток на преговорите заедно со Албанија


Северна Македонија треба заедно со Албанија да добие датум за почнување на преговорите во периодот јуни – јули, рече високиот претставник на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика, Федерика Могерини на денешната билатерална средба со претседателот Стево Пендаровски во Брисел. Могерини ова, како што истакна, ќе го препорача на сите министри за надворешни […]

Следните два дена државава во жолта фаза, граѓаните да се заштитат од високите температури


Комисијата за следење на состојбата и ефектите од високите температури при Министерството за здравство апелира до граѓаните во следните денови да ги почитуваат општите препораки за заштита од високите температури. Според информациите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) во текот на следните два дена целата држава ќе биде зафатена со температури од жолта алертна фаза. Граѓаните […]

Џолев: Кривичниот суд е апсолутно независен во одлучувањето


Претседателот на Кривичен суд Иван Џолев смета дека министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски не ги посочува судиите од неговиот суд кога вели дека судиите се одговорни за мерките за определување или неопределување притвор. -Кривичниот суд е апсолутно независен во одлучувањето и сметам дека се имаме оградено од сите можни влијанија од надвор при носењето […]

Тимови на Црвениот крст од утре ќе патролираат низ централното градско подрачје


 Од утре по два мобилни тима на Црвениот крст на Град Скопје во периодот од 11 до 16 часот ќе патролираат низ централното градско подрачје и на поголемите автобуски постојки и притоа ќе даваат совети на граѓани за заштитата од топлотниот бран, а доколку е потребно ќе укажат и прва помош. – Црвениот крст на […]

Пендаровски за турското барање за екстрадиција: Мора да ја следиме политиката на ЕУ


Претседателот Стево Пендаровски денеска од Брисел порача дека за барањата на официјална Анкара за екстрадиција на неколку лица осомничени за терористички активности, Северна Македонија мора да ги следи домашните закони, но и да се усогласи со европските партнери. Од петнаесет случаи кои се побарани од страна на Турција до сега, пет не се наоѓаат на […]

ЦЕИ: Да се донесе одлука за почнување преговори со Северна Македонија, без одлагање


Претставниците на земјите-членки на ЕУ кои учествуваа на денешниот Состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Централно-европската иницијатива (ЦЕИ) во Трст, порачаа дека е круцијално носењето одлука за почнување преговори на нашата земја со ЕУ, без одлагање. Министерот за надворешни работи Никола Димитров во своето обраќање подвлече дека прв пат во својата историја, нашата […]

Пендаровски: Народот е преморен од чекање датум за преговори


Претседателот Стево Пендаровски од Брисел порача дека „заморот од проширувањето“ на кој се повикува Европската Унија го чувствува и Северна Македонија, која се наоѓа во чекалната од 2005-та година. Пендаровски, на конференција организирана од тинк-тенкот „Пријатели на Европа“, одговарајќи на прашања од публиката, потсети дека Северна Македонија, по четиринаесет години и десет позитивни препораки од […]

Академик Блажо Боев реизбран за ректор на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип


Академик Блажо Боев е реизбран за ректор на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Оваа одлука попладнево ја донесе сенатот на Универзитетот. Боев е редовен професор на Факултетот за природни и технички науки на Универзитетот. Од Центарот за односи со јавност при Универзитетот информираат дека од 12 до 14 часот гласале наставно-научните совети на сите факултети […]

Бугарија сака да го штити македонското небо со „Ф-16“


Членката на НАТО, Бугарија, може да помогне во заштитата на воздушниот простор на Македонија ако го доврши договорот за купување на осум авиони „Ф-16“ од САД, изјави премиерот Бојко Борисов. Бугарија се обидува да ги замени своите стари ловци од советското време „МИГ-29“ и да ја подобри усогласеноста со стандардите на НАТО. Агенцијата на Пентагон […]

Од јули почнува вакцинацијата за заштита на децата од пневмокок и рота вирус


На вчерашната седница Владата ја усвои Информацијата за прогресот на активностите во реализацијата на Акцискиот план за воведување на вакцинација за заштита од пневмокок и рота вирус. Во текот на овој месец, до службите за имунизација ќе бидат дистрибуирани дози од двете вакцини. Почнувајќи од јули, родителите кои сакаат ќе имаат можност да го вакцинираат […]