Целерот полн со арсен


Концетрации на арсенот во почвата се на загрижувачко високо ниво, при што помалку концетрации има во зелката и морковот, но фрапирачко висока е во целерот, во кој има 16 пати поголема концетрација од дозволеното. Ова го покажуваат резултатите од анализите направени од испитувањето на нивото на загаденост на почвата во Скопскиот регион, што денеска во […]

(Видео) Од „Водњанска“ до Чаир за пет минути


Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, претседателот на Одборот на директори на компанијата „Мега инженеринг консалтинг АД“ Ајкут Јилдирим и претставникот на Групата на понудувачи – Завод за испитување на материјали и развој на нови технологии Скопје АД Борис Танески денеска го потпишаа договорот за изработка на основен и инфраструктурен проект за измена и дополнување на […]

Кацарска нема да може да ги суди организаторите на „27 април“


Судијката Добрила Кацарска нема да може да го суди предметот за организаторите на настаните во Собранието од 27 април 2017 година. Првично АКМИС системот на Кацарска и го доделил предметот за оценка на обвинението за овој кривично правен настан по што таа веднаш побарала изземање поради пристрасност, но не била утврдена пристрасност и и било […]

Јанева: Мијалков не бил таргет на прислушување, тој ја дал наредбата


Сашо Мијалов, еден од обвинетите во случајот „Таргет – Тврдина“, не бил цел на прислушување, туку додека бил директор на УБК по негова наредба се прислушувало, изјави специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која потенцира дека докази за тоа ќе бидат презентирани за време на рочиштата на судењото за случајот. Јанева ова го кажа по презентацијата […]

Промените во СДСМ продолжуваат, именувани 30 претседатели на општински организации


Започнатиот процес на промени во интерес на граѓаните, во интерес на иднината, продолжува, рече денеска потпаролот на СДСМ Костадин Костадинов. „Како што најавивме, промените започнуваат одовде, од СДСМ, партијата предводник на Владата и парламентарното мнозинство, партијата предводник на напредокот на државата. Претседателот Зоран Заев, согласно неговите овластувања, назначи 30 претседатели на Општински организации на СДСМ“,рече […]

Русковска: Во претресите во Италија нови докази за случајот со ИПА фондовите


Во претресите што се спроведени во Италија во врска со случајот за злоупотреба на ИПА фондовите, за што се сомничат државниот секретар на Министерстото за информатичко општество и администрација и поранешен вработен во истото Министерство, се пронајдени докази кои ќе служат во постапката што се води против нашите државјани. Ова го изјави денеска обвинителката за […]

Хоџа: Владата се надева дека ќе имаме датум за почеток на преговори со ЕУ


Владиниот портпарол Муамет Хоџа денеска на редовната прес-конференција во Владата рече дека Владата се надева оти земјата ќе добие датум за отпочнување на преговорите со Европската унија бидејќи се спроведени потребните реформи за евроинтегративниот процес. Одговарајќи на новинарско прашање како ја коментира денешната изјава на претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, владиниот портпарол рече дека Владата […]

Шилегов: Саем за безбедност во „Сити мол“ за самозаштита од кражби


Безбедноста на граѓаните на Скопје останува на листата на врвни приоритети на Град Скопје и во таа насока Градот е отворен за соработка и поддршка од секаков тип и на сите институции во чија надлежност е обезбедувањето и зголемувањето на безбедноста на граѓаните. Саемот за безбедност и превенција, кој годинава првпат се одржува во ТЦ […]

Хоџа: Се надеваме дека заедничката комисија меѓу Северна Македонија и Бугарија ќе изнајде решенија во насока на добрососедството


По најавите на бугарската министерка Екатерина Захариева дека Бугарија може да се повлече од работата на заедничката комисија доколку не се утврди дека Гоце Делчев е Бугарин, денеска портпаролот на Владата на Северна Македонија, Муамет Хоџа изрази надеж дека комисијата ќе изнајде решенија кои ќе бидат во насока на добрососедството и пријателството. – Се надеваме […]

Клеменс Која: Да се овозможи СЈО да продолжи непречено да работи


Шефот на Мисијата на ОБСЕ во Северна Македонија Клеменс Која денеска изрази загриженост во врска законот за специјалното јавно обвинителство, што е предмет на разговори меѓу владејачките партии и опозицијата, како и за мандатот на СЈО. Ги повика сите партии да постигнат согласност и да се овозможи СЈО да продолжи непречено да работи. Која во […]

Рускоска: Се водат неколку истраги за актуелни функционери


Вилма Рускоска шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција, откри дека се водат неколку истраги и предистраги за неколку актуелни функционери, денеска на конференцијата „Заедничка соработка и правна помош во борбата против транснационалниот организиран криминал“ што се одржува во Јавното обвинителство. -Се водат неколку истраги и предистраги за актуелни функционери, ама не можам да […]

Пендаровски: Не бараме незаслужена награда, туку заслужената шанса


Во јуни Европската Унија има историска можност да покаже лидерство и визија за иднината на нашиот регион со тоа што ќе и додели датум за преговори на Северна Македонија. Граѓаните на Северна Македонија не бараат незаслужена награда, туку заслужена шанса за изградба на  европска држава со праведно, хумано и напредно општество, порача претседателот Стево Пендаровски […]

Туск: Можна е само една одлука – почеток на преговoрите, прашањето не е „дали“ туку „кога“


Лично верувам дека е можна само една одлука – почнување на преговорите со Северна Македонија и со Албанија за членство во ЕУ според препораката на Европската комисија, истакна претседателот на Европскиот совет Доналд Туск на заедничката прес-конференција со претседателот Стево Пендаровски во Брисел. – Како претседател на Европскиот совет не сакам да прејудицирам. Направивте се што се […]

Најбезбедни и најздрави се локалните прехранбени продукти, порачуваат експертите


Експерти по безбедност на храна, лекари, професори, претставници на референтни институции, истражувачки центри за храна од целиот свет учествуваат во работата на мултидисциплинарниот конгрес на тема „Квалитет и безбедност на храна, здравје и нутриционизам“ што по шести пат се одржува во Охрид. На собирот се дискутираат најновите аспекти за состојбите во медицината, нутриционизмот, технологијата и […]

Во петок почнува новата сезона во „Аква паркот“


Во петок, со почеток од 10 часот стартува новата сезона во Аква Паркот во склоп на СЦ „Борис Трајковски“. Од таму ги канат сите граѓани да бидат дел отворањето и да ги погледнат, но и да уживаат во новите содржини во Вип Аква Парк. Оваа година, Аква паркот повторно нуди интересни содржини за сите возрасти, […]

Почина македонскиот архитект Јован Стефановски – Жан


Почина еден од најпознатите македонски архитекти, Јован Стефановски – Жан. Тој беше автор на многу објекти во државата и странство. Меѓу неговите најпознати дела се Милениумскиот крст на Водно, новиот театар и преку 550 други објекти во Македонија и светот. Архитектот Јован Стефановски Жан е роден во Скопје 1948 година, дипломирал на Архитектонско-градежниот факултет во […]

Се уриваат терасите на „Република“, „Деус“, „Џус бар“, „Кала“


Денеска продолжува акцијата на Општина Центар за уривање на дивите тераси на кафулињата. Во тек се активности за отстранување на терасите на улицата „Ленинова“, а се уриваат терасите на „Република“, „Деус“, „Џус бар“, „Кала“, „Правда“, „45“, „Сушико’. Дел од сопствениците на кафулињата вчера најавија дека сами ќе ги урнат терасите. Кај некои уривања на терен […]

Спасовски: Ги заокруживме реформите во безбедносниот сектор


Република Северна Македонија веќе две години посветено и реализирано работи на исполнување на сите критериуми што се очекуваат од нас. Се заложивме да испорачаме резултати во реформите во клучни области од итните реформски приоритети како што се судството, борбата против корупција и организиран криминал, разузнавачките служби, реформата на јавната администрација. Ова денеска го изјави министерот […]

Најдолговечниот премиер веќе не е ни пратеник


Со констатирање на две пратенички оставки, а потоа и пауза од неколку часа, почна вчерашната собраниска седница. Првата оставка е на поранешниот премиер, сега азилант во Будимпешта Никола Груевски, кој подолго од една деценија неприкосновено владееше во земјава, како што и речиси 15 години беше на чело на ВМРО-ДПМНЕ. Втората оставка е на Павле Богоевски, […]

Заглавените туристи на скопскиот аеродром заминаа за Хургада


Домашни туристи кои уплатија аранжман за Египет и чекаа од ноќеска на Скопскиот аеродром после 10 часот полетаа кон Хургада. Според информациите на веб страницата на Меѓународен аеродром Скопје, полетале во 10 и 44 часот со авион на „Флај 2 Скај ерлајнс“. Туристите требало да полетаат ноќеска на полноќ, со одложување дека тоа ќе се […]