(ФОТО) Талат Џафери на одмор во Улцињ


И покрај тоа што претседателот на македонското Собрание Талат Џафери не сакаше да каже каде ќе оди на одмор, сепак откриено е дека тој оваа година реши летниот одмор да го помине во Улцињ, Црна Гора.

 

Имено, Џафери пред празникот Илинден рече дека поради безбедносни причини не може да каже каде ќе оди на летување.

– Има протокол, на плажата треба да има обезбедување, нема потреба да се открива од безбедносни причини – рече тогаш Џафери.

Сепак, од наши извори дознаваме дека на улцињската плажа Лиман, каде што е сместен претседателот на Собранието, нема обезбедување, а Џафери е сместен во хотелот „Медитеранео“ кој се наоѓа на самата плажа.