Антикорупциска ќе го испитува јавното приватно партнерство со Жан Митрев

Антикорупциската комисија отвори предмет по сопствена иницијатива откако Владимир Чадиковски, единствениот лиценциран детски кардиохирург, даде отказ од болницата „Жан Митрв“, со која државата имаше склучено јавно приватно партнерство.

Антикорупциската комисија ќе испитува дали постојат причини за раскинување на договорот меѓу државата и болницата „Жан Митрев“, особено по објавените информации дека кардиохирургот Жан Митрев, нема лиценца да се занимава со детска кардиохирургија, а тој веќе најави дека во идниот период ќе се оперираат 20 бебиња.

Чадиковски и неговиот тим во февруари годинава од државната клиника преминаа да работат во „Жан Митрев“, по јавното приватно партнерство што го воспоставија Министерството за здравство, Фондот и приватната болница. Чадиковски даде отказ поради неисполнети услови во договорот и различни концепти на работа, со кардиохирургот Жан Митрев.

Од Министерството за здравство изјавија дека ова не менува ништо и дека јавното приватно партнерство продолжува да функционира. Единствено не дадоа одговор кој ќе ги оперира бебињата, со оглед на тоа што Чадиковски е единствен лиценциран кардиохирург во земјава.