Началникот на ГШ на норвешката армија во посета на Скопје


Делегација на Вооружените сили (ВС) на Кралството Норвешка, предводена од началникот на ГШ на ВС, адмирал Хакон Брун Хансен од вчера е во официјална посета на Република Северна Македонија.

Како што е најавено, aдмиралот Хансен утре во Министерството за одбрана и Генералштабот денеска ќе има средба со својот домаќин, началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и со министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Главни теми на средбата ќе бидат унапредување на билатералната воена соработка, трансформација на Армијата на Република Северна Македонија и искуствата од учеството во меѓународните мисии.

По активностите во Генералштабот, адмиралот Хансен ќе има средба со претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски.