Клиниката „Жан Митрев“ отворена за соработка со Антикорупциска

Клиниката „Жан Митрев“ ја поздравува иницијативата на Антикорупциската комисија за испитување на случајот со детската кардиохирургија.

Клиниката, како што соопшти денеска, е отворена за соработка за обезбедување на сите потребни информации и документи кои ќе бидат потребни за утврдување на вистината.

ДКСК ќе ги испитува законитоста и постапките за договорот за детска кардиохирургија

Државната комисија за спречување на корупција вчера на седница најави дека ќе испитува дали е законска постапката за доделување на лиценцата за вршење дејност од областа на детска кардиохирургија на специјализираната болница по хируршки болести „Жан Митрев“, како ќе работи оваа болница откако единствениот лиценциран детски кардиохирург Владимир Чадиковски даде отказ, како и дали се исполнети условите за еднострано раскинување на договорот.