Од Инспекторатот тврдат: Во „Жан Митрев“ се е регуларно

Здравствената дејност во ПЗУ Клиничка болница „Жан Митрев“ – Скопје се врши согласно Решението за дозвола за вршење дејност издадено од Министерство за здравство, велат од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Инспекторатот соопшти дека вчера извршил вонреден инспекциски надзор во ПЗУ Клиничка болница „Жан Митрев“ во врска со исполнувањето на законската обврска на здравствената установа за вршење на здравствената дејност согласно дозволата за работа издадена од Министерство за здравство бр.22-665/3 од 01.03.2019г.