СДСМ вечер ќе ги објави носителите на изборните листи


Социјалдемократскиот сојуз вечерва во скопскиот хотел „Александар Палас“ ќе одржи  Конгрес на кој се очекува да бидат објавени сите носители на листи и кандидати за претстојните парламентарни избори. Согласно агендата, конгресот ќе има отворен и работен дел, а на почетокот на отворениот дел ќе се обраит лидерот на партијата Зоран Заев. Од СДСМ информираат дека […]

Затвор од две до 2,5 години за професори од Економски факултет за „Еразмус“


Професорите на Економскиот факултет во Скопје,Славе Ристевски и Драге Јанев се осудени на 2,5, а нивниот колега Бобек Шуклев на две години затвор за случајот „Еразмус”, односно за земање пари од студенти за полагање на испити. Демонстраторот Драган Денковски доби условна казна од две години, а професорот Стојан Дебарлиев е ослободен од обвинението. Судечкиот совет […]

Директорката на Клиниката за кожни болести заразена од корона вирус


Директорката на Клниката за кожни болести е четвртиот потврден случај заболен од коронавирусот во земјава. Таа пред една недела допатувала од Италија и изминатите пет дена редовно одела на работа, истакна денеска на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче. Добро е што колешката не била изминатите денови во амбуланта, рече Филипче и изрази огромно разочарување […]

Аселборн: Ако Франција заземе позитивен став, ќе ја следат и другите


Како земја направивте големи напори на патот на интегрирање во ЕУ, беше донесен Договорот од Преспа, го донесовте Законот за јавно обвинителство, клучен фактор, поради кој одредени земји не дадоа зелено светло, порача министерот за надворешни и европски работи на Луксембург, Жан Аселборн на заедничката прес-конференција во Скопје со шефот на дипломатијата Никола Димитров. Нагласи […]

Корона вирусот ќе ни го загрози датумот од ЕУ?


Корона вирусот почнува да ја парализира работата на Европскиот совет и, ако продолжи ширењето на епидемијата, може да ја загрози одлуката на ЕУ да започнат преговорите за членство со Македонија. Секретаријатот на Советот денес, во консултација со земјите членки, препорача  да се намали бројот на состаноци на разните подготвителни тела и работни групи во Советот, […]

Сериозна состојбата со коронавирусот, да не се патува во Италија


Да не се патува воопшто во Северна Италија заради сериозноста со коронавирусот и да се избегнуваат патувања и во останатите делови на таа држава, а при влез на граничните премини да се кажуваат точни податоци. Лицата кои се вратиле од странство ако се развијат симптоми да не одат на матичен лекар туку да се обратат […]

Шефот на дипломатијата на Луксембург во посета на Скопје


Министерот за надворешни и европски работи на Големото Војводство Луксембург, Жан Аселборн, денеска ќе престојува во посета на земјава на покана на шефот на дипломатијата Никола Димитров. Како што соопшти МНР, посетата се реализира во пресрет на дискусиите на мартовскиот Совет за општи работи на ЕУ, при што фокус на разговорите ќе биде ставен на […]

Облачно со дожд и температура до 12 степени


Времето ќе биде облачно и свежо со врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во источните делови. На планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Утринската температура ќе се движи од минус 3 степени до 6 степени, а дневната од 4 до 12 степени. Во Скопје […]

Мицкоски се дистанцира од Милошоски околу неговите интервенции во Врховен суд


Соопштувајќи дека „бомбите“ за Антонио Милошоски објавени на „Јутјуб“ биле нелегално стекнати материјали, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ денеска се дистанцира од телефонските јавување на високиот функционер на партијата во Врховниот суд, во кои бара поволна пресуда во случајот поврзан со неговиот татко. „За мене лично е неприфатливо високи официјални лица во државата – политичари, премиери, кој […]

(Фото) Марш за женски права: Борбата за родова еднаквост не е завршена


Итно воведување на сеопфатно сексуално образование, заштита и превенција на семејно и родово базирано насилство од институциите, но и стопирање на двојната виктамизација која постои во повеќе институции побараа денеска активистите за женските права кои попладнево маршираа во Скопје по повод Меѓународниот ден на жената – 8 Март. Маршот традиционално е организиран од Платформата за […]

Мицкоски со мерки за здравството: Национална мрежа од четири клинички центри и 20 отсто повисоки плати


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денес на прес конференција презентираше дел од мерките кои партијата го предвидува за обнова на македонското здравство, меѓу кои клучната е изградба на капитален проект за воспоставување на национална мрежа на четири нови клинички центри. Таквиот систем ќе го сочинуваат Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, Универзитетскиот клинички центар „8 Септември“, кој, […]

ЛДП и на претстојните избори ќе коалицира со СДСМ


Членовите на Централниот одбор на ЛДП одлучија на претстојните избори да коалицираат со старо-новиот партнер СДСМ, потврди претседателот на Либерално-демократска партија, Горан Милевски. „На Централниот одбор на Либерално-демократската партија што се одржа вчера, членовите оценија дека досегашното коалицирање со СДСМ е успешно, така што во следниот период треба да се заокружат реформите во целост за […]

Сè повеќе организатори за мобилни во училниците, освен децата, во нив телефоните треба да ги остават и наставниците


Организатори за складирање мобилни телефони првпат во септември лани беа поставени во десет основни училишта на територијата на Општина Карпош. Учениците и наставникот за време на наставата имаат можност во еден од организаторите пред почеток на часот да го остават својот мобилен телефон и да си го земат по завршување на часовите. Ова е пилот-проект […]

Заев: Сите материјали за прислушуваните разговори ги предадовме на СЈО, да се истражи кој ги објавува „бомбите“


Сите материјали од прислушуваните разговори ги предадовме на Специјалното јавно обвинителство на крајот на 2016 година и со тоа ја завршивме нашата обврска, одговори денеска лидерот на СДСМ Зоран Заев на прес-конференција на новинарско прашање дали има информација од каде се новите „бомби“ поставени на Јутјуб за пратеникот Антонио Милошоски, според кои Милошоски се интересира […]

СДСМ ќе има двајца носители на листите – маж и жена во сите изборни единици


Во секоја изборна единица СДСМ ќе оди со двајца носители на листи – маж и жена, најавија денеска претседателот на СДСМ Зоран Заев и заменик претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска на прес-конференција во седиштето на партијата на тема Родова еднаквост. „Ќе имаме двајца носители на листи, двајцата паралелно ќе го покриваат теренот. Тоа е еден […]

Жените го слават 8 Март, рамноправноста се уште само декларативна


Негирање на женските права, дискриминација и насилство се дел од работите со кои денес сеуште се соочуваат жените. Тие денеска го слават 8 Март како ден на борба за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите, но во пракса бројките се поразителни и го покажуваат спротивното. Денес се уште е мал бројот на жени на […]

Марш за правата на жените под слоганот „Ти не си виновна!“


По повод Меѓународниот ден на жената – 8 Март, денеска напладне во Скопје под слоганот „Ти не си виновна!“ ќе почне четвртиот марш за правата на жените. Настанот е во организација на Платформата за родова еднаквост и активистките за женски права, а оваа година поттикнати од случајот „Јавна Соба“, ќе маршираат гласно и недвосмислено за жртвите на родово базирано насилство. Маршот, […]

Претежно облачно со локални врнежи од дожд


Времето во земјава ќе биде претежно облачно со локални врнежи од дожд, особено претпладне. Ќе дува умерен ветер претежно од северен правец. Локално во југоисточните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На планините врнежите ќе бидат од снег. Утринската температура ќе се движи од 0 до 9 степени, а дневната […]

Избори: Фактите за шпицен кандидат


Мицкоски посочува „пракса во Европа“ за концептот шпицен кандидат. Таа „пракса“ беше брутална за Манфред Вебер, чија партија ЕПП  победи на европските избори во 2019. Тој беше отфрлен под притисок на Емануел Макрон, а неговите шпицен ривали, Тимерманс и Вестагер, станаа двете најмоќни лица во новата Европска комисија веднаш  по Фон дер Лајен Љупчо Поповски […]

Независните листи не успеаја да собират потписи за да одат на избори


Откако на полноќ истече рокот за собирање потписи за независните листи според податоците од Државната изборна комисија ќе нема ниту една независна листа на пратеници за изборите. Никој не го исполни условот да собере илјада потписи. Според ДИК имало шестмина носители на независни листи но тие не успеале да го стигнат прагот. Само една листа […]