Теоретски, ВМРО-ДПМНЕ би бил за избори во првата половина на јули

Главната опозициска партија вечерва преку нејзиниот лидер Христијан Мицкоски го даде првиот знак дека можеби би се согласиле изборите да се одржат на почетокот на летото. Мицкоски, во интервју за ТВ24, изјави дека првиот момент кога „ќе ја ставиме под контрола епидемија, ќе бидеме подготвени за избори“. Повторувајќи ги познатите тези дека за партијата е најважно здравјето на граѓаните, Мицкоски сепак посочи на одреден термин – првата половина на јули.

„Ако теоретски ме прашувате, согледувајќи ги оценките на ДИК тека им требаат 50-60 дена за организирање на изборите, и ако епидемијата се смири, тогаш би можеле да одиме на гласање во првата половина на јули“.