Сугаревски: Избори штом дозволат здравствените услови

Опозиијата свесно бега од избори, а ние сметаме дека треба да се одржат предвремените парламентарни избори штом ќе се создадат здравствени услови и нема да биде опасно по здравјето на граѓаните,  порача денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

-О позицијата свесно бега од избори. За нас е најбитно здравјето на граѓаните. Треба прво да се види до кога би траела вонредната состојба. Со олабавувањето на мерките кои се случуваат и ќе се случат наредната недела, и кога ќе се создадат услови, на мислење сме да се одржат предвремените парламентарни избори, изјави Сугарески при денешниот увид на работите на регионалниот пат Прилеп-Тополчани-Битола, одговарајќи на новинарско прашање.

На мислење сме да има избори кога ќе се создадат услови, додаде, зашто, не дај боже, ако има нов пик на заразата, ќе се оневозможи да се одржат и редовните избори.