Кој и како може да ја користи поддршката од 14.500 денари низ примери


Финансиската поддршка 14.500 денари по вработен може да се искористи за задржување на вработените, но и за задржување на платите, вели министерката за финансии Нина Ангеловска Мерката 14.500 денари по вработен е финансиска поддршка, која на фирмите кои се погодени од корона кризата им е ликвидносна инјекција и помош за исплата на плати. Мерката може […]

Не е храброст да шетате надвор, храброст е да се остане дома


Не е голема храброст да шета на улица. Штосот е некој да биде храбар и да остане дома, вели д-р Жарко Караџовски. За него е несфатливо кога ќе слушне дека во еден ден приведени се по 200 лица, кои биле затекнати надвор во време на полициски час. Тој не се сложува една општина да биде […]

Филипче: И понеделникот по Велигден веројатно ќе биде карантински


Министерот за здравство Венко Филипче, на  видеосесијата денеска рече дека Владата утре ќе одлучува за рестриктивните мерки за време на велгиденските празници. Тој вели дека има размислувања еден ден да се додаде на викендот, кога ќе биде забрането секакво излегување од дома. Имено, карантинот да трае од петок попладне до вторник наутро. Но, додава дека […]

Филипче: Податоците за мајката и синот од Велес ќе бидат показател да знаеме што ќе следи


Министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната видео-сесија истакна дека од голема помош ќе бидат податоците за починатите мајка и син кои пред неколку дена беа пронајдени во стан во Велес. „Податоците за нив ќе ни бидат од големо значење, за да знаеме што ќе следи. Мислам дека е добра стратегијата што се тестираат само […]

Микиќ: Стапката на смртност од Ковид-19 кај нас се уште е ниска во однос на Европа


  Заклучно со вчера има 828 случаи со коронавирус, што е стапка на заболување од 40,3 на 100.000 жители и во однос на Европа е се уште ниска стапката на заболување. Во Скопје има 312 случаи, а во Куманово 200. Досега се направени над 8.000 тестови што е околу 4.000 тестови на еден милион жители […]

Дука: 30 дена изолација изминаа, очекуваме одлука на владата


Изминаа 3о дена од воведувањето на кризна состојба во општините Дебар и Центар Жупа, така што сега очекуваме одлука на владата, ќе остане ли кризната состојба или ќе биде минато  – изјави денеска градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука, кој потенцираше дека општината и кризниот штаб во Дебар  се во очекување на нова одлука од страна на […]

(ВО ЖИВО)Филипче, Арслани, Караџовски и Микиќ на видеосесија – „КОВИД-19 – Прашања и одговори: Сѐ за коронавирусот”


Во тек е видеосесија на тема „КОВИД-19 – Прашања и одговори: Сѐ за коронавирусот”, ќе разговараме со министерот за здравство доц. д-р. Венко Филипче, заменикот министер за здравство, д-р Арменд Арслани и епидемиолозите од Институтот за јавно здравје д-р Жарко Караџовски и д-р Владимир Микиќ.

И без еврообврзница Македонија обезбеди околу 450 милиони евра поддршка


Македонија уште сега може да смета на финансиска поддршка од странство од околу 400-450 милиони евра и без издадена еврообврзница. Од тоа, 176 милиони евра се веќе одобрени од Меѓународниот монетарен фонд, а се очекува и Светската банка да одобри околу 100 до 140 милиони евра. Дополнително, Македонија смета и на сличен износ од Европската […]

Приведени 121 лица за непочитување на полицискиот час


Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот евидентирано е дека на ниво на целата држава 138 лица не ја почитувале забраната за движење, при што се приведени 121 лице, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки. Исто така, според статистичките податоци на 77 лица им се издадени […]

Џафери честиташе Велигден


Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери испрати честитка до сите верници кои Воскресение Христово – Велигден го слават по грегоријанскиот календар. -Дозволете да во мое лично име и од име на Собранието на Република Македонија, на сите верници од католичка вероисповед кои големиот христијански празник, Воскресение Христово – Велигден го слават по грегоријанскиот […]

Нови 68 случаи на Ковид-19, досега вкупно 828 заразени


Во изминатите 24 часа се регистрирани 68 нови случаи на Ковид-19, со што бројот на заразени со корона вирус во земјава се зголеми на 828 лица. Како што соопшти Министерството за здравство, по градови во Скопје се регистрирани 15 лица, во Куманово 18, Прилеп 14, Тетово две, Струга 10, Велес шест, во Битола, Гостивар и […]

Чулев се жали: Не ме викаат на прес конференции во Владата


Во неделното интервју за Радио Слободна Европа, техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев зборува за предизвиците на МВР во време на ковид 19, за владините мерки и односот со функционерите од власта. На прашањето, зошто на дел од прес-конференциите на министерот за здравство Венко Филип, како претставник на МВР до него стои заменичката а […]

(ВИДЕО) Проба за Велигден во Јован Бигорски?


МПЦ се подготвува за Велигден, а литургијата вчера во манастирот Јован Бигорски покажа како ќе изгледа социјалната дистанца за време на овој празник  и како ќе се почитуваат мерките на Владата. Литургијата беше снимена на видео и пренесувана во живо на социјалните мрежи. https://www.facebook.com/bigorski.manastir/videos/158002008845857/

Бројот на заразени со коронавирус 760 лица, МАНУ прогнозира пикот да биде на почеток на мај со 1.100


Бројот на лица заразени со вирусот Ковид-19 во земјава се зголеми на 760 лица, откако вчера беа регистрирани 49 нови случаи, додека две лица починаа. Од новозаболените, 13 се во Скопје, 14 во Куманово, шест во Штип, осум во Прилеп, шест во Велес и по еден во Гостивар и во Кочани. Министерството за здравство вчера […]

Втор ден од викенд забраната за движење


Во земјава денеска е втор ден од целосната забрана за движење во текот на викендот, што започна во петокот во 16 часот и ќе трае до утре до 5 часот. Ваквата мерка е воведена во обид да се намали ширењето на коронавирусот, кој до вчера однесе 34 животи и од него заболеа 760 лица. Од […]

Католиците го празнуваат Велигден


Верниците на Римокатоличката црква денеска го одбележуваат најголемиот христијански празник Воскресение Христово –Велигден. По повод празникот, бискупот скопски и струмичко-скопски епарх, Киро Стојанов упати велигденска честитка. – Драги браќа и сестри, преку Великиот пост имавме можност да почувствуваме дека и покрај сите технички достигнувања, некако сме изложени на опасност и страдања, дека во нашиот живот […]

Денеска е Цветници


Православните христијани денеска го слават празникот Цветници познат уште и како Цветоносна недела и Врбица. Цветници секогаш е една недела пред Велигден и се празнува во спомен на влегувањето на Исус Христос во Ерусалим, градот во кој по неколку дена ќе биде погубен. Кога Христос влегуваше во Ерусалим, луѓето го пречекуваа со извици, постилајќи ги […]

Променливо облачно со умерен до засилен југоисточен ветер


Времето денеска ќе биде променливо облачно со умерен до засилен југоисточен ветер, особено изразен вдолж Повардарието. Попладне претежно во јужните и западните делови ќе има услови за локален дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната од 15 до 22 степени. Во Скопје претпладне сончево со мала облачност, попладне променливо […]

Запалeн летниковец во парк шумата Гази Баба


Скопскиот градоначалник Петре Шилегов вечерва на својот профил на Фејзбук објави дека непознати сторители запалиле летниковец во парк шумата Гази Баба. – Ваквиот вандализам мора да престане! Летниковецот во парк шумата Гази Баба беше поставен за луѓето да можат да се одморат, релаксираат и поминат време со своите најмили. Кому му пречело сето тоа? Овој […]

Не се точни информациите дека велешанката починала пред еден месец


По наодот дека велешанката, која со својот син беше пронајдена мртва во нивниот дом пред два дена, е позитивна на коронавирус, Министерството за здравство информира дека ја проширува истрагата во која се вклучуваат повеќе институции, посочувајќи дека информациите оти тие биле починати повеќе од еден месец не се точни. Министерството за здравство соопшти дека денеска […]