Од денеска „зелени коридори“ на граничните премини од Србија кон Македонија


Србија од денеска почнува со примена на системот на „зелени коридори“ на одредени гранични премини, меѓу кои и со Северна Македонија, во рамките на ЦЕФТА регионот, а кога ќе се исполнат пропишаните технички услови, во овој систем ќе бидат вклучени и други премини, јави дописникот на МИА од Белград. Како што сопштија од Стопанската комора […]

(Во живо) Прес на Филипче


Редовна прес-конференција на министерот за здравство Венко Филипче, во однос на најновата состојба со ковид-19. Денеска има четворица починати и 26 новозаболени од корона вирус. Проследете ја во живо:

Апликацијата StopKorona достапна на мобилен


  Апликацијата StopKorona од денеска е достапна на сите телефони, соопшти министерот за информатичко општество, Дамјан Манчевски. Тој апелираше до сите граѓани што побрзо да ја симнат апликацијата за да дадеме придонес во стопирањето на ширењето на корона вирус. – Со неа помагаме на здравствените работници, но и на епидемиолозите. Одговорно тврдиме дека таа ги […]

Донирани 300 заштитни визири за членови на Македонскиот полициски синдикат


Членовите на Ротари Клубот Скопје – Камен Мост Скопје, како дел од Ротари движењето во Македонија, денеска на Македонскиот полициски синдикат им донираа 300 заштитни визири. – Ротари Клуб Скопје Камен Мост со оваа донација се приклучуваат на низата општествено одговорни компании кои несебично и солидарно го прифатија нивниот повик и во овие тешки моменти […]

Починаа уште четворица пациенти од ковид-19, новозаболени 26


Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа 4 пациенти; пациентка од Скопје (79г), пациент од Велес (58г), пациент од Прилеп (67г) и уште еден пациент од Скопје (63г). Денеска во Штип се регистрирани 3 оздравени пациенти од Ковид-19, кои со лесна форма на болеста се лекуваа во домашни […]

ИДСЦС: Јавните претпријатија немаат формален систем за мерење на задоволството на граѓаните од јавните услуги


Истражувањата направени од Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје (ИДСЦС), покажуваат дека многу мал број од јавните претпријатија користат системи за мерење на задоволството на корисниците на услуги. – Иако корисниците можат да се обратат до некои јавни претпријатија преку некои форми за жалба, поплака или пофалба, сепак 64 отсто од јавните претпријатија немаат […]

Црвениот крст ги проширува активностите како одговор на пандемијата од Ковид-19


Преку активирање на дополнителни мобилни тимови за поддршка на ранливи категории граѓани и обезбедување на неопходни материјали за Клиниката за инфективни болести во Скопје, Црвениот крст на Република Северна Македонија го проширува обемот на своите активности во борбата против корона вирусот. Поддршка за активностите на Црвениот крст даде и претседателот на државата Стево Пендаровски кој […]

Дезинфекција на јавни површини и објекти во Општина Новаци


Општина Новаци и ЈКП „Комунална Хигиена” ја почнаа втората фаза од оперативниот план за дезинфекција на јавни површини, објекти, урбана опрема, фреквентни места и пешачки патеки. Активноста е дел од сетот превентивни мерки за заштита на населението од корона вирусот донесени од Општинскиот кризен штаб со кој раководи градоначалникот на Општина Новаци, Љубе Кузманоски. –Екипи од ЈКП „Комунална Хигиена” […]

Бензините поскапуваат за половина денар, цената на дизелот останува иста


Бензините поскапуваат за половина денар, цената на дизелот останува иста, а за половина денар поевтинува екстра лесното  масло за домаќинствата од ноќеска на полноќ, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Според одлуката на РКЕ, новата малопродажна цена  ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 48,50 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 50,50 денари. […]

Коронавирусот ги стопираше склучувањата на браковите


Иако подрачните одделенија на Управата за водење на матичните книги работат непречено, коронавирусот е причина речиси воопшто да нема или да се откажуваат процедурите за склучување бракови, говори искуството на вработените во тетовското подрачно одделение. Граѓаните и посебно младите согласно препораките за намалување на ширењето на коронавирусот ја избегнуваат оваа животна определба и се решаваат […]

(Фото вест) Комунална хигиена во акција против корона вирусот!


Иако од Комунална хигиена побараа трпеливост од граѓаните бидејќи со редуцирано работно време не можат да го соберат отпадот во градот, купиштата ѓубре околу контејнерите изгледаа застрашувачки и од аспект на актуелната борба против корна вирусот. Место да и се дадат на Комунална хигиена повеќе овластувања, и да се инсистира граѓаните заради епидемијата да користат […]

За едно деноноќие приведени 134 лица


Во текот на изминатото деноноќие  евидентирано е дека  на ниво на целата држава  172 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 134 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки. Исто така според статистичките податоци не се издадени решенија за изолација, а 253 лица потпишале изјави за […]

Сите се борат со корона вирусот, ВМРО-ДПМНЕ со здравствениот систем


Додека сите се борат против коронавирусот, ВМРО-ДПМНЕ се бори против здравствениот систем и очајно се обидува да профитира во време на епидемија, обвини денес владеечката партија. Според СДСМ, деструктивноста, лажните вести што секојдневно се пласираат од белиот дворец се опасни по здравјето на граѓаните. -Во ова време кога целиот свет се справува со заканите од […]

Се обезбедуваат нови средства во Буџетот за поддршка на економијата


Домашната, како и останатите економии и натаму регистрираат штети од кризата со Ковид 19, а Министерството за финансии веќе изработува нови проекции за економскиот раст, кој според Светската банка и финансиските експерти годинава во државава ќе се намали за околу четири проценти. Владата тврди дека презема мерка за внесување пари во стопанството, но според опозицијата […]

Карантинот за нашите од странство ќе се продолжи на 20 дена


Сто педесет и три лица од вкупно 210 кои се сместени во државен карантин на Попова Шапка се пуштени да си одат дома. Си заминаа и 280 наши граѓани сместени во хотелот Дрим во Струга. Претходно сите биле лекарски прегледани, па иако никој од пуштените немаше симптоми на коронавирусот, мора да продолжат во самоизолација во […]

Медицинските лица пиеле кафе во заштитна облека


Непочитување на протоколите, неправилно облекување и соблекување на заштитната опрема, се главните причини зошто заболува медицинскиот персонал, посочи денеска епидемиологот Жарко Караџовски. Тој истакна дека бил во посета на медицинските установи во државата и лично се уверил дека не ги почитуваат протоколите и не знаат правилно да ја користат заштитната опрема. „Лично се уверив дека […]

ВМРО-ДПМНЕ: За Филипче епидемијата е како реклама за Топ Шоп


ВМРО-ДПМНЕ го искритикува министерот Венко Филипче, бидејќи според нив  продолжува да се рекламира со одговарање на прашања на стримовите од влада, како да ширењето на вирусот низ земјава е реклама за Топ Шоп производи. -Се споредуваат нелогични бројки во кои што власта сака да прикаже дека имаме најниска заразеност со коронавирусот во регионот и во […]

Вакцина за корона вирус најбргу може да се очекува за една година


Вакцината за коронавирусот не би можело да се очекува да биде произведена до крајот на оваа година. Процесот за секоја вакцина е долготраен и со максимално забрзување, најмалку се потребни 12 до 18 месеци, а и претходат и неколку фази на претклинички испитувања, рече д-р Владимир Микиќ. -Според она што досега го знаеме, во најбрз […]

Заличи влезот во Клинички центар


Градот Скопје ја искористи испразентоста на Скопје, па на повеќе локации реконструираше булевари и улици. Можеби најзабележително е што во фреквентниот круг на Клиничкиот центар, во нормални услови, речиси невозможно беше да се среди влезот, а сега тоа се направи. Како што информираа од Град Скопје викендов реализира интензивни градежни активности за реконструкција и проширување […]