На хаосот кај булеварот “Цветан Димов“ му доаѓа крај


На хаосот кај булеварот “Цветан Димов“ му доаѓа крајот. Општината заедно со Град Скопје продолжува со институционална координација за имплементирање на ефикасни сообраќајни проекти за олеснување на движењето низ улиците на Општина Чаир.

Во рамките на тој проект започна  поставувањето на бетонски банкини низ најфреквентниот булевар во градот “Цветан Димов“ со цел да се стави крај на хаосот кој се создаваше. Во прилог слики од терен каде веќе се одвива работниот процес.