Заев: Со третиот пакет ќе се рестартира економијата


Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, е убеден дека со третиот пакет мерки на Владата ќе биде означен рестартот на економијата заглавена од корона кризата. „Опозицијата повикува на поголем број мерки, па сега имаме трет пакет со кој ќе бидат опфатени 730 000 граѓани. Имаме предвидено платежна картичка за голем број категории граѓани, а во рок од 30 дена ќе треба да се потрошат за домашни поризводи, потоа ваучерот за туризам да можат граѓаните да одат на летување и така да ги помогнат угостителско- туристичките капацитети“, нагласи Заев во разговорот за Сител.

Тој ги дообјасни мерките: „Со мерките водиме грижа за сите млади до 29 години, студентите, средношколците… нема само за младите со приход над 15.000 денари. Но сите кои се под 15.000 денари, па невработените, социјалците и уште многу категории граѓани ќе имаат полза од економските мерки“.

Заев додаде дека сите мерки од третиот пакет се во насока на стимулирање на домашното производство, домашниот туризам, целото стопанство и поединчено граѓаните.