Завршено асфалтирањето на „Пластичарска“ и на булеварот „АСНОМ“


Градот Скопје денеска успеа да асфалтира и да ја заврши реконструкцијата на два големи и важни булевари во градот.

Имено, денеска беше завршен булеварот „Никола Карев“ популарната „Пластичарска“, откако Градот најави дека во периодот од 8 до 24 часот, целосно за сообраќај ќе биде затворен булеварот, на потег од крстосницата со улица „Самоилова“ (амбасадата на САД) до влезот во касарната „Илинден“ заради асфалтирање на коловозот.

Во претходниот период беше асфалтиран делот до клучката кај Бит пазар.

Исто така, денеска беше и целосно асфалтиран булеварот „АСНОМ“ во Општина Аеродром, од мостот „Близнак“ до хотел „Русија“.