Министерството за транспорт контра Антикорупциска за земјиштето кај „Холидеј ин“


Фото: Б. Грданоски

Министерство за транспорт и врски со писмено соопштение реагира на денешната изјава на претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, Билјана Ивановска, за спорното продавање на земјиштето на парцелата кај хотелот „Холидеј ин“ и ГТЦ поради денационализација.

Во соопштението е наведено дека отуѓувањето е извршено според законската регулатива и дека согласно членот 68 од Законот за градежно земјиште, градежното земјиште во сопственост на Република Северна Македонија се отуѓува со непосредна спогодба за оформување на градежна парцела предвидена со урбанистички план или урбанистичка планска документација доколку лицето има во сопственост повеќе од 30% од градежната парцела.

„Во конкретниот случај, постапката за отуѓување на државното земјиште, Министерството за транспорт и врски ја изврши според позитивната законска регулатива“, се вели во соопштението.

Од Антикорупциската комисија побараа од Уставниот суд да изврши оценка на членот 64 од Законот за денационализација поради, според нив, спорната продажба на земјиштето спроти „Холидеј ин“ и ГТЦ.

ДКСК: Уставен суд да пресече за продажбата на парцелата спроти „Холидеј Ин“