Лидерската средба кај претседателот Стево Пендаровски ќе се одржи во понеделник со почеток во 12 часот, потврдиле од претседателскиот кабинет.

Како што се очекува, на средбата партиските лидери ќе се обидат да постигнат консензус околу терминот за одржување на параментарните избори.

Засега политичките партии во земјава не отстапуваат од своите позиции кога станува збор за терминот на изборите.