МЗ: И во пикот за сите пациенти ќе има место во болниците


Здравствениот систем е подготвен да апсорбира поголем број пациенти кој се очекува со пикот на коронавирусот кон крајот на месецов, соопшти Министерството за здравство. Клиниката за инфективни болести заедно со дополнителниот капацитет за прием на тешко и средно-тешко болни пациенти со коронавирус располага со 250 болнички кревети, а со близу 400 кревети располага ГОБ „8 […]

„Плодност“: Тројца се позитивни на корона вирус – дајте сите да се тестираме


Болницата „Плодност“ од Битола, каде што беа детектирани заразени од коронавирус, на својот профил на „Фејсбук“ го цитираше д-р Таше Трпчевски, директор на болницата, кој што потврди дека од болницата има тројца позитивни со Ковид-19, и побара целата клиника да биде тестирана, но од Институтот за јавно здравје не сакале. Трпчевски му порача на министерот […]

Димитров ќе ја претставува Македонија во НАТО како полноправна членка


По покана на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, првпат ќе ја претставува Македонија како полноправна земја членка на НАТО на состанокот на Северноатлантскиот совет (НАК) во формат на министри за надворешни работи. Поради рестриктивните мерки воведени по пандемијата на коронавирусот, состанокот ќе се одржи преку електронски систем на […]

Тестот за корона вирусот ќе поскапи и во приватните клиники


Никола Тодоров застана во одбрана на Венко Филипче од „една лоша, валкана и опасна пропаганда“ што ја прави неговата партија   Директорот на Фондот за здравство, Ден Дончев, ги оцени како „чист политички опортунизам и глупост од луѓе што не го разбираат системот како Фондот ги наплаќа услугите“ тврдењето на ВМРО-ДПМНЕ дека Владата прави профит […]

МЗ: Пациентите кои се позитивни на тестот за коронавирусот во Систина, ќе мора да се тестираат и во ИЈЗ


Министерството за здравство соопшти дека сите пациенти кои се детектираат како позитивни на тестовите на антитела кои ги прави болницата Систина, задолжително треба да направат тест за присуство на вирусот во Институтот за јавно здравје, согласно одлуката на Комисијата за заразни болести во министерството. Во однос на објавите во дел од медиумите за бројот на […]

Се прават проценки дали и во Куманово да се воведе карантин


Новиот објект за хирургија во Охрид ќе функционира како болница за заразени од коронвавирус, а во Куманово ќе се прави стручна проценка дали да се воведе карантин како во Дебар, најави заменик-министерот за здравство Арменд Арслани. Тој информира дека девет лица од Струга имаат КОВИД-19, а вкупно 43 се под здравствен надзор. Двајца се заболени […]

Спасовски: Не можам да разберам како лидерот на опозицијата бара да се земат пари од граѓаните


Идејата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, да се земат парите од вториот пензиски фонд и со нив да се надоместат дел од последиците од здравствената и економската криза, за претседателот на Владата Оливер Спасовски е погубна и недозволива. „Не можам да разберам како може лидер на опозицијата да посегне по лични парични средства. Тоа […]

Владата усвои уредба за помош на занаетчии, фризерници, пекари…


Владата на денешната седница ја усвоила Уредбата за исплата на минимална плата во приватните компании и во неа детално се разработува кои се услови треба да ги исполнат компаниите и каква ќе биде постапката за искористување на оваа мерка, соопшти премиерот Оливер Спасовски на вечерашното гостување на емисијата „Економски магазин“ на телевизијата Алсат-М. „Има две можности […]

Ќе се обезбеди заштитен пристап до Инфективанта клиника


Владата  донесе Уредбата со законска сила за финансирање на  реконструкцијата на јавните површини во просторот на Клинички центар „Мајка Тереза“ за време на вонредна состојба.  Со одлуката се утврдуваат финансиски средства во висина од 78.000.000 денари за обезбедување на поефикасно функционирање на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, за овозможување на здравствени услуги, пренесување и транспорт на […]

Се замрзнуваат вработувањата во јавниот сектор, на административците им се крати К-15


Владата денес донесе одлука за пренамена на средствата од непродуктивните расходи во средства за справување со здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот КОВИД-19. Вкупно  50,1 милион евра од ЕИБ се пренасочуваат за поддршка на малите и средни претпријатија, а средствата од компензационите фондови од странската помош одат во Развојната банка за поддршка на мерките за справување […]

Починатата родилка од Охрид и починатиот маж од Битола немале Ковид – 19


Резултатите на две лица кај кои постмортем е земен брис за тест на Ковид – 19, 66-годишниот маж од Битола и родилката од Охрид, која синоќа почина на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје, се негативни на Ковид  – 19, соопшти Министерството за здравство. -Мажот на возраст од 66 години, кој на 30.03 од […]

(Галерија) Снегот и вирусот ја однесоа шегата во Скопје


Место утрово да се пошегуваме со пријателите и комшиите, иако не ни е до шега, времето се пошегува со нас, и на првиот ден од април не изненади со обилни врнежи со снег кои, кои според прогнозата, ќе запрат во утринските часови. На плоштадот во Скопје, наместо парада со маскирани деца, на кои се навикнавме, […]

ЕУ дозволи пристап за земјава до Европскиот солидарен фонд


Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи денеска одржа видео-конференциски состанок со еврокомесарот за соседска политика и преговори за проширување Оливер Вархеји, на кој разговарале за активностите на Владата и на Координативниот штаб во справувањето со предизвиците од епидемијата Ковид 19, како и можностите за подлабока соработка во оваа насока со институциите на ЕУ. Како […]

Лицата во изолација ќе се следат преку мобилна апликација


Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција информира дека лицата кои се во изолација ќе се следат преку мобилна апликација која во моментов се изработува по примерот од европските земји. -Лицата во изолација ќе бидат следени електронски, тоа е нешто што го работиме заедно со Министерството за администрација и информатичко општество, веќе се озработува […]

Куманово бара да се прогласи кризна состојба во градот


Општинскиот кризен штаб Куманово на денешната 17-та седница побара од Владата да прогласи кризна состојба во Куманово и да воведе посебен контролен режим на влезовите и излезите од градот. – Бараме од Влада на Република Северна Македонија да прогласи кризна состојба во Општина Куманово и да воведе посебен контролен режим на сите влезови и излези […]

Филипче: Медицинска сестра од Куманово е позитивна на корона вирусот


Сите пациенти од заводот за рехабилитација се испишани и упатени на домашно лекување. Во Охрид е завршен увидот, изречени се казни на претходната директорка, на доктори специјалисти од одделот инфектологија, како и на самата институција. Министерот за здравство Венко Филипче најави и увид од лекарската комора, а ќе заседава и етичката комисија на лекарската комора. […]

Општина Аеродром: Компјутери за учениците од ранливите категории


Училиштата во Општина Аеродром обезбедија компјутери за учениците од социјално ранливите категории, со цел непречено одвивање на онлајн-наставата. – На овој начин, сите ученици ќе имаат можност да се вклучат во алтернативниот вид настава преку платформата „Гугл класрум“, истакнаа од Општина Аеродром. Во Општина Аеродром, како што наведоа, успешно се одвива онлајн-наставата во сите училишта […]

Нова жртва на корона вирус, 65-годишна пациентка


Денеска од Клиниката за инфективно се испишани пет пациенти, негативни на корона вирус. На 11 од 28 пациенти во Дебар кои се на домашно лекување, им се земаат брисеви за тест. Има уште еден смртен случај, пациентка на 65-годишна возраст, со болести на белите дробови и болести на срцето, рече министерот за здравство Венко Филипче. […]

За руското МНР приемот на Македонија во НАТО создава нови поделби


 Курсот на НАТО кон проширување единствено создава нови линии на поделби во момент кога на светот му треба обединување во борбата против коронавирусот, се вели во соопштение на руското Министерство за надворешни работи, по повод членството на Северна Македонија во Алијансата. Според Министерството, присоединувањето на Скопје кон Алијансата „не носи никаква дополнителна вредност ниту за […]