Филипче и Шилегов во обилколка на клиничкиот кампус „Мајка Тереза“


Фото: Б. Грданоски

Министерот за здравство Венко Филипче и градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов денеска во 13 часот ќе направат обилколка низ клиничкиот кампус „Мајка Тереза“ од главниот влез на кампусот.

По обиколката се предвидени изјави за медиумите на министерот Филипче и градоначалникот Шилегов на паркингот до Клиниката за гинекологија и акушерство.

-Во изминатиот период, во Клиничкиот центар се реконструираат улици и тротоари, се пробиваат нови влезови, се одвојува автомобилскиот и пешачкиот сообраќај, се оформува ургентна лента од главна капија, заради непречено движење на возилата на Итна медицинска помош, докторите и пациентите на клиниката, како и расчистување и уредување на јавните површини на просторот во Клиничкиот центар, информира Министерството за здравство.