Се предлага полициски час од сабота навечер до вторник наутро


Фото: Б. Грданоски
Комисијата за заразни болести ѝ предлага на Владата карантинот за време на продолжениот викенд да трае од 19 часот в сабота до 5 часот во вторник, соопшти министерот за здравство Венко Филипче, при денешната посета на Клиничкиот центар.

Овој предлог бил утврден на денешната седница на Комисијата за заразни болести, за што конечната одлука треба да ја донесе Владата.
„Проценките се дека најголем процент од новите случаи на Ковид-19 во изминатите денови се од приватни и семејни собири. Поради непочитувањето на мерките, проценките се дека само вакви ригорозни чекори може да дадат ефект. За сите други рестрикции, како што е отворањето на угостителските објекти или укинување на полицискиот час, Владата ќе одлучува следната седмица“, рече Филипче.
Викендов е продолжен, односно трае три дена, поради двата празника Рамазан Бајрам и Св. Кирил и Методиј кои се на 24 мај, односно се паѓаат во недела, а како државни празници, се дава следниот ден, понеделник како неработен.
Продолжени полициски часови имавме и за велигденските празници, како и за 1 Мај.