Скопјанец собира биомед од карпите


  Тетово – Во карпи, земјена глина и дрвја, кои се наоѓаат во недопрена природа, подолг период семејството Ибраховиќ од скопско Батинци собира биомед кој го произведуваат пчели рујаци без стопан, односно пчелар. Во овој биомед 100 отсто има и полен и пчелно брашно и затоа е посебен од другите. Произведен е од чиста природа. …

Скопјанец собира биомед од карпите Read More »

Се реконструира улицата „Рилски Конгрес“ во делот на општина Центар


Со средства обезбедени од Центарот за развој на Скопски плански регион, денеска започнува реконструкција на коловозот на улицата „Рилски Конгрес“ во делот на општина Центар. Како што информира општината, реконструкцијата на улицата следи откако на истата е утврдено значително оштетување на завршниот асфалтен слој. – „Рилски Конгрес“ во својата постојна состојба е со оштетен завршен …

Се реконструира улицата „Рилски Конгрес“ во делот на општина Центар Read More »

Распишан тендерот за новиот Клинички центар


Министерство за здравство денеска го распиша тендерот за изградба на нов универзитетски Клинички центар на гринфилд локација по моделот „клуч на рака“ со поддршка при менаџирање на проектот. Проектот, како што е објавено на Електронскиот систем за јавни набавки, ќе ги опфати следниве главни категории на услуги и работи кои треба да се изведат и извршат: планирање, проектирање …

Распишан тендерот за новиот Клинички центар Read More »

Адеми: „МојДДВ“ е корисна мерка за сите граѓани кои секојдневно купуваат


Повратот на 15 отсто од пресметаниот ДДВ е корисна мерка за сите граѓани кои секојдневно купуваат, затоа што секој денар вратен кај граѓаните е важен, истакна министерот задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми, кој денеска ја промовираше кампањата “Мој ДДВ” во Скопје. Според министерот, големата заинтересираност кај граѓаните за проектот „Мој ДДВ” придонесува во намалувањето на сивата …

Адеми: „МојДДВ“ е корисна мерка за сите граѓани кои секојдневно купуваат Read More »

Инаетот меѓу Адеми и Таравари продолжува, МОН поднесе жалба за ингеренциите на Таравари


По пресудата на Управниот суд со која се поништува решението на Министерот за образование и наука за одземањето на ингеренциите на градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари, министерот Адеми вели дека пресудата на Управниот суд во ниту еден момент не вели дека градоначалникот на општина Гостивар постапил законски. ,,Судот ја уважил тужбата со образложение дека недостасувале …

Инаетот меѓу Адеми и Таравари продолжува, МОН поднесе жалба за ингеренциите на Таравари Read More »

Управниот суд му ги врати ингеренциите на Таравари


Градоначалникот на Општина Гостивар Арбен Таравари преку социјалните мрежи ја објави пресудата на Управниот суд со која се поништува решението на Министерот за образование и наука за одземањето на ингеренциите. Обраќањето на Таравари до јавноста се однесува на случајот со одземените ингеренции за разрешување и назначување директори во основни и средни училишта, заради, како што …

Управниот суд му ги врати ингеренциите на Таравари Read More »

Максимални превенцијата против африканска чума, опасноста од појава на болеста не е исклучена


Иако мерките против африканска свинска чума се на највисоко ниво, не е исклучена можноста од појава на болеста во земјава, заклучија ветеринарите на денешниот координативен состанок. Државата, како што оценија, е максимално подготвена да се справи со ризиците зашто во континуитет постапува согласно меѓународните стандарди и практики. Ветеринарите уверуваат дека дијагностицирањето на болеста може да …

Максимални превенцијата против африканска чума, опасноста од појава на болеста не е исклучена Read More »

МОН ја обжали судската одлука за назначување и разрешување директори во Гостивар


Министерството за образование и наука (МОН) соопшти дека донесената пресуда од Управниот суд во со случајот на одземените ингеренции на општина Гостивар за разрешување и назнчување директори во основни и во средни училишта значи дека судот потврдува дека општината постапувала законски кога разрешувала и именувала директори на училишта, ниту пак значи дека Министерството за образование …

МОН ја обжали судската одлука за назначување и разрешување директори во Гостивар Read More »

Клиника „Жан Митрев“: Продолжува соработката со МЗ, моделот за детска кардиохирургија се одвива без застој


Клиниката „Жан Митрев“ пред дваесетина години го потпиша првиот договор со Фондот за здравствено осигурување за кардиоваскуларна хирургија и оттогаш во континуитет се изведуваат сите видови кардиоваскуларни операции. Досега се третирани над 1.000 вродени срцеви маани кај возрасни и кај деца и бебиња. Моделот за детска кардиохирургија во рамки на Клиниката се одвива без застој. …

Клиника „Жан Митрев“: Продолжува соработката со МЗ, моделот за детска кардиохирургија се одвива без застој Read More »

(Видео) Французи со „Пежо 205“ ќе донесат училишна опрема во Крива Паланка


Амбасадата на Франција најави одржување на еден исклучителен настан во Крива Паланка овој четврток, на 8 август, каде што ќе пристигнат околу 800 Французи коишто учествуваат на 6-то издание на „Еуроп-Раид“, првото авантуристичко патување низ Европа. Тие одбраа попатно да застанат во Крива Паланка, место познато по своите активности во областа на Франкофонијата во Северна …

(Видео) Французи со „Пежо 205“ ќе донесат училишна опрема во Крива Паланка Read More »

Од денеска државјанството во изводите „македонско/граѓанин на Република Северна Македонија


Графата „државјанство“ во изводите за родени, венчани и умрени од денеска ќе биде пополнета македонско/граѓанин на Република Северна Македонија, велат за МИА од Управа за водење на матични книги. Во врска со реакциите во јавноста за пополнување на графите во полето државјанство со коси црти (/////), од Управата посочуваат дека тоа било така, бидејќи морало …

Од денеска државјанството во изводите „македонско/граѓанин на Република Северна Македонија Read More »

ССМ: Работодавачите да обезбедат климатизирана просторија за разладување


Сојузот на синдикатите на Македонија преку соопштение ги повика работодавачите, во услови кога се најавени температури од жолта (алертна) фаза на целата територија на државата, да ги почитуваат мерките предвидени со Акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението. -Сите работници кои работат во услови на изложеност на високи температури, …

ССМ: Работодавачите да обезбедат климатизирана просторија за разладување Read More »

„Рекет“ ќе нѐ однесе на гласање


Дали ќе има предвремени избори напролет или на почетокот од летото в година ,зависи од тоа дали во октомври ќе добиеме датум за преговори за членство во Европската унија, односно дали до крајот на годинава ќе заврши процедурата за влез во НАТО. Вакви се предвидувањата на аналитичарите, но и размислувањата во владејачките кругови во однос …

„Рекет“ ќе нѐ однесе на гласање Read More »

Четири милиони евра од ЕБОР за енергетска ефикасност за домаќинствата


Нови четири милиони евра се достапни од ЕБОР наменети за инвестиции во зелена енергија. Средствата ќе се пласираат преку Охридска банка АД Скопје, а ќе поддржуваат подобрување на енергетската ефикасност на резиденцијалните згради, ќе помогнат во намалување на гасовите кои создаваат ефект на стаклена градина и ќе го подобрат квалитетот на живеење на сопствениците на …

Четири милиони евра од ЕБОР за енергетска ефикасност за домаќинствата Read More »

Летечки контејнери


На Фејсбук страницата „Не биди ѓубре“ секојдневно се објавуваат фотографии од расфрлани отпадоци, од преполни контејнери или ѓубре околу нив. Денеска се појави пост со фотографија од контејнер полн со надувани балони. „Победникот за денеска“ – коментира објавувачот. Секако, дел од коментарите се во насока на тоа дека овие гумени балони ќе се распаѓаат на …

Летечки контејнери Read More »

Ученичка од Скопје со сребрен медал на светскиот MOS натпревар во Њујорк


Сребрен медал за освоеното второ место на светскиот „Microsoft Office Specialist“ натпревар одржан во Њујорк од 28 до 31 јули годинава доби ученичката Ана Марија Атанасовска од средното училиште „Раде Јовчевски Корчагин“ во Скопје. Атанасовска на денешната прес-конференција во Скопје истакна дека патот до успехот никогаш не е лесен, исполнет е со многу труд и …

Ученичка од Скопје со сребрен медал на светскиот MOS натпревар во Њујорк Read More »

Шекеринска за случајот „Рекет“: Никој нема да биде заштитен ако го прекршил законот


Случајот „Рекет“ покажа колку повеќе ништо не е исто, бидејќи пред  три години граѓаните шепотеа за наводи за рекет и се плашеа гласно да зборуваат, а камоли да соопштат во јавноста, изјави денеска заменик-премиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска при денешната посета на велешката касарна за свеченото доделување договори за работа на 125 професионални војници. …

Шекеринска за случајот „Рекет“: Никој нема да биде заштитен ако го прекршил законот Read More »

Децата и натаму ќе се оперираат во Клиниката „Жан Митрев“ на сметка на ФЗО


Третманот на децата продолжува во Клиничката болница „Жан Митрев“. Тие и натаму ќе се оперираат во таа Клиниката на сметка на Фондот без оглед дали заминува тимот предводен од д-р Владимир Чадиковски, кој од Детска хирургија пред неколку месеци направи трансфер во таа Клиника. Тие си заминаа на своја рака од државно во приватно здравство. …

Децата и натаму ќе се оперираат во Клиниката „Жан Митрев“ на сметка на ФЗО Read More »

Катица да ја снема од Законот за обвинителство


Додека ВМРО-ДПМНЕ бара досегашната специјална обвинителка Катица Јанева да биде приведена поради поврзаност со случајот „Рекет“ и со Бојан Јовановски, власта и опозицијата се обидуваат да се договорат како таа да биде изземена од новиот Закон за обвинителство. Тоа е основниот услов без кој опозицијата нема да продолжи да преговара, иако поставени сѐ уште неколку …

Катица да ја снема од Законот за обвинителство Read More »

Се бара притвор за поранешниот директор на Централниот регистар


Кривична пријава и барање за притвор ќе поднесе Основното јавно обвинителсво од Скопје против поранешниот в.д. директор на Централниот регистар, Андреа Поповски поради сомнеж дека ги злоупотребил службената положба и овластувањата. Поповски кој вчера беше приведен, се товари дека вработувал партиски кадри. Како што соопшти денеска ЈОРМ, Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување …

Се бара притвор за поранешниот директор на Централниот регистар Read More »