Со торта од 100 килограми хотел „Мериот“ ќе ја поддржи иницијативата „Сите сити“


Со цел поддршка на иницијативата „Сите сити“, хотел „Мериот“ – Скопје ќе подготви торта од 100 килограми, што ќе биде понудена на првата хуманитарна „Праскијада“.

На хуманитарната „Праскијада“, што ќе се одржи на 31 август во Градски парк, на присутните граѓани ќе им бидат понудени слатки специјалитети од праски, а со собраните средства ќе бидат обезбедени оброци за социјално загрозените граѓани.

Целта на платформата „Сите сити“ е да се соберат средства за 20.000 оброци.