(Галерија) Полицијата во одбрана на здравјето


Со показни вежби од страна на Единиците на МВР, доделување плакети за посебен придонес за вработени во МВР и плакети за благодарност до претставниците на Дипломатскиот кор, како и со оддавање на почит на спомен обележјата на загинатите бранители со положување свежо цвеќе, денеска, 7 мај во кругот на МВР и Полицискиот центар „Ѓорче Петров“ […]

Османи: СЕП ќе му помогне на Институтот за јавно здравје да го зголеми капацитетот за тестриање за ковид-19


Нашиот став останува дека Комисијата за заразни болести треба да каже дали изборниот процес го загрозува или може евентуално да го загрози индивидуалното или колективното здравје на граѓаните и дека политичките одлуки треба единствено да е засновуваат на одлуките на епидемиолозите односно на професионалните одлуки на Комисијата, потсети вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи при […]

Набрзо нов пристап до инфективната клиника, ПЕТ центарот ставен во функција


Новите влезови до хируршкиот ургентен центар и инфективната клиника и целосно асфалтирање на улицата под хируршките клиники веќе привршува и може да биде во функција од почетокот на следната недела. ПЕТ центарот за производство на реагенси е ставен во функција, а стоматолозите со работата можат да почнат следната недела, истакна министерот за здравство, Венко Филипче. […]

Сите вработени во градинките ќе бидат тестирани, уште се бара решение како ќе работат


Работна група составена од членови на Комисијата за заразни болести и Министерството за труд и социјална политика разгледува неколку опции како ќе се организираат градинките. Она што засега е познато е дека, со скринингот, кој ќе почне следната недела ќе бидат опфатени сите вработени во градинките. -Се разгледуваат можностите за помал број часови, организирање помали […]

Во болницата во Штип пациентите со малигни заболувања од истокот ќе примаат терапија


Штипската Клиничка болница деновиве ќе почне со онколошка терапија за пациентите со малигни заболувања од целиот источен регион. Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев, изјави дека го чекаат списокот на пациенти од Клиниката за онкологија за да стартуваат со оваа работна задача која им е доделена со цел пациентите од овој регион да не патуваат […]

Филипче: Стигна помошта од ЕУ во монитори, маски, ракавици и заштитни очила


Стигнаа 20 монитори, уште дополнителни од нивната вкупна помош 25.000 маски N95, 100.000 хирушки маски, 750.000 пара раквици, 10.000 заштитни очила, со што вкупната вредност на помошта од ЕУ заедно со респираторите, кои стигнаа или ќе стигнат, достигна 3,2 милиони евра, истакна денеска на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче. Тој посочи дека ќе стигнат […]

Дескоска вели дека опозицијата манипулира со ставови на Венецијанската комисија


Министерската за правда, Рената Треневска-Дескоска, денеска ги оцени како непрофесионални „спиновите на опозицијата“ дека Венецијанската комисија препорачала дека треба да поминат најмалку 60 дена по престанокот на вонредната состојба за да може да се организираат избори. „Тоа едноставно не е точно“, тврди Треневска-Дескоска. „Интересно е да се гледа како стравот од избори и свесноста за […]

Филипче: ДЗСИ ќе прави инспекција во Велес оти има раст на заболени


Министерот за здравство Венко Филипче, денеска најави дека Државниот здравствен и санитарен инспекторат во неколку објекти во Велес ќе изврши инспекција денеска и утре, за да се утврди зошто расте бројот на заразени во овој град. – Во Велес бележиме раст на новозаразени. Денеска и утре Државниот здравствен и санитарен објект ќе направи инспекција и […]

Мицкоски тврди дека економијата колабира


Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска оцени дека економската состојба во државата е сѐ потешка, дека економијата колабира и оди во амбис и оти сѐ повеќе луѓе остануваат без своите работни места. Тој посочи дека имало неколку индикатори што го покажуваат она што го тврди. Зборувајќи за индустриското производство тој рече дека во март […]

(Во живо) Прес на министерот Филипче


Министерот за здравство Венко Филипче денеска во 14.30 часот ќе одржи прес-конференција на која ќе ги објасни последните податоци во врска со пандемијата од корона вирус. Тој денеска, во утринска емисија најави дека утре ќе се знае дали ќе има олабавување на мерките, односно дали ќе се укине полицискиот час, кој секојдневно почнува во 19 […]

Димитров: Добредојдено е враќањето на европската перспектива за Западен Балкан


Повторното враќање во европската перспектива за Западниот Балкан е добредојдено, изјави министерот за надворешни работи Никола Димитров за бриселскиот портал Политико. – Ние ќе бевме уште посреќни да се споменеше проширувањето или комплетирањето на Европската унија. Сепак на крајот, Советот донесе одлука да ги започне пристапните преговори, нагласи Димитров сумирајќи го расположението на регионалните лидери […]

(Фото вест) Тревникот на плоштадот „Македонија“


Просторот на плоштадот „Македонија“ пред објектот „Лумикс“ вчера беше послан  со трева. Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, лани најавуваше дека целиот потег од Триумфалната порта ќе се поплочи, но заврши само еден дел, поголемиот, затоа што местото каде што е тревата е прватна парцела. Таа парцела беше купена од инвеститор за изградба на „Шпанските скали“, […]

Пуштен во употреба булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“


Скопскиот градоначалник Петре Шилегов го пушти во употреба првиот булевар кој од северниот дел на Скопје излегува на Обиколницата, „Христијан Тодоровски Карпош”. Булеварот е широк 40 метри, со шест ленти, по три од двете страни, а исто така од двете страни направени се и велосипедски и пешачки патеки. Според Шилегов, булеварот за двојно ќе го […]

Се зголеми бројката на новозаразени: Денеска 33 нови, 22 оздравени и еден починат


Институтот за јавно здравје, денеска регистрира 22 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство. – Скопје 2 – Куманово 6 – Штип 3 – Прилеп 7 – Тетово 1 – Струга 1 – Кочани 2 Во изминатите 24 часа направени се 332 тестирања, а потврдени се 33 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-11, Куманово-2, […]

Шекеринска: Очекуваме годинава целосно да започнат преговорите со ЕУ


Очекуваме уште во текот на оваа година целосно да започнат преговорите за членство на земјава во ЕУ, изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска одговорајќи на  новинарско прашање, зошто на Самитот ЕУ и Западен Балкан фокусот беше ставен на пандемијата, а не на проширувањето. – Пред пет години или пред 10 години ќе ни беше битен […]

МИОА: ЕК ја потврди клучната улога на апликациите како што е СтопКорона во борба со Ковид-19


Државите членки во Европската Унија, поддржани од Европската Комисија објавија официјален документ во кои се наведени предностите и клучната важност од користењето на апликации за следење на контактите на лицата позитивни на коронавирусот, со цел навремено детектирање на потенцијално новите заразени лица, рано тестирање и спречување на ширење на вирусот. На овој начин како што […]

Филипче: Утре ќе се знае дали ќе има олабавување на мерките


Во овој момент рано е да се каже дали има услови за одржување избори и сето тоа, заедно со враќањето на сите тие процеси ќе зависи од препораките на стручните лица, изјави министерот за здравство Венко Филипче во денешното гостување во емисијата „Здраво Македонија“ на Канал 5. – Ќе почекаме да видиме какви ќе бидат […]

ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов место плоштад во метропола прави полјана


Петре Шилегов е единствениот градоначалник во светот кој наместо од градскиот плоштад да направи простор што ќе доликува на метропола, тој создаде полјана, обвини Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје. „Чудни се естетските критериуми на Шилегов и за скопјани е несреќно долго најавуваното доуредување на плоштадот Македонија кон делот на ГТЦ каде на најфреквентното […]

Политиката бара асистенција од здравствените власти за изборите


На 16 мај, кога се очекува да заврши вонредната состојба, ќе се заокружат точно три месеци од распуштањето на парламентот, наспроти уставно предвидените максимум  60 дена за одржување предвремени избори   Решението на Уставниот суд да не покрене постапка за оценување на Одлуката за распуштање на парламентот не смени ништо суштински во однос на  моментално […]