Владата размислува да забрани влез на Србите во Македонија


Владата сериозно размислува да ги затвори границите за влез на граѓани од Србија, дознава неофицијално ТВ24 од висок владин извор.

Според информациите, Владата размислува на ваков чекор после сериозната епидемиолошка состојба кај северниот сосед и неконтролираното ширење на коронавирусот меѓу населението. Во овој период и онака нема големо транзитирање на српските туристи кон Грција преку нашата земја поради одлуката на грчките власти да не се дозволи влез на српските државјани преку граничниот премин „Богородица – Евзони“, и туристите се пуштаат само преку бугарската граница.

Инаку, после завршувањето на изборите, соседна Србија прогласи вонредна состојба во неколку града, а најсериозна е состојбата во Нови Пазар, Белград и Крагуевац. Владата која ја предводи партијата на српскиот претседател Вучиќ е критикувана од познавачите, новинарите и граѓаните дека вештачки ја прикрива бројката на заразени и починати која според истражувањата е десетинапати полоша од официјалните бројки.