Пролетни прогнози: ЕУ предвидува пад на македонскиот БДП од 3,9 отсто


За годинава речиси сите економски показатели се со негативен предзнак – приватната потрошувачка се предвидува да се намали за 2,5 отсто, извозот на стоки и услуги ќе се намали за 11 отсто, увозот за 9,2 отсто, вработеноста за 1,7 отсто…   Пад од 3,9 отсто на македонскиот домашен бруто-производ во оваа година и враќање на […]

Што стои во Загрепската декларација за споровите на Македонија?


Лидерите на земјите членки на ЕУ, првите луѓе на Европскиот Совет, на Европскиот Парламент и на Европската Комисија, како и шефовите на држави и влади на земјите од Западен Балкан донесоа и прифатија заедничка декларација од Самитот на ЕУ за Западен Балкан, во која ЕУ уште еднаш ја потврди својата недвосмислена поддршка за европската перспектива […]

Димитров за Н1: Ќе биде тешко да се каже „не“ на македонската ервопска приказна


Со нашата политика се трудиме да создадеме атмосфера каде ќе биде тешко да не се каже „да“ на нашата приказна, на македонската европска приказна. Очекуваме Комисијата да ја подготви преговарачката рамка на почетокот на следниот месец, вели министерот за надворешни работи Никола Димитров во интервју за хрватски Н1 во пресрет на самитот ЕУ-Западен Балкан во […]

(Галерија) Дождот не ги исплаши скопјани


Падот на температурите и врнежите од дожд не ги исплашија граѓаните на главниот град на државата, Скопје. Иако и натаму е забележливо дека на улиците има многу помалку автомобили и пешаци споредено со месеците пред корона кризата, Скопје како полека да заживува. Така беше и денес, и покрај тоа што температурите значително беа пониски, а […]

Започна Самитот на ЕУ за Западен Балкан


Започна Самитот на ЕУ за Западен Балкан, Загреб 2020, кој оваа година се одржува со видео конференција.Овој Самит ја потврдува определбата на ЕУ дека регионот е составен дел на Европа и геостратешки приоритет за Европска унија. Самитот во Загреб е симболичен бидејќи точно пред 20 години исто така во овој град беше одржан првиот од […]

Мирел: ЕУ го потцени наследството од војните на Балканот


Наследството на војната е потценето и на Европа и недостасува политичка амбиција за земјите од Западен Балкан, оценува поранешниот директор на Генералниот директорат за проширување на ЕУ, Пјер Мирел, во опширното интервју за веб-страницата Европски Западен Балкан. Мирел смета дека ЕУ го потцени наследството од војната и недостигот на големи инвестиции од осумдесетите години, -Како […]

Француски печат: ЕУ сака да го смири Западниот Балкан


 Францускиот печат се осврнува на денешниот самит ЕУ-Западен Балкан, на кој лидерите на ЕУ ќе се обидат да ги уверат земјите од Западен Балкан за нивната европска иднина и да им покажат дека не биле заборавени за време на кризата со  новиот коронавирус, јавува дописникот на МИА. Овој виртуелен самит на Европската унија со претставниците […]

Дескоска: Уредбите важат со или без вонредната состојба


Во изминатиов период се отвораат повеќе прашања околу уредбите со законска сила, што може да регулираат, до кога важат и слично. Кога се разгледуваат овие прашања, мора да се има предвид дека вонредната состојба е прогласена заради полесно справување со епидемијата, но и со последиците кои произлегуваат од неа, а тие последици се економски, социјални, […]

Обезбедени 90 респиратори


Обезбедивме вкупно 90 респиратори, што е околу 50 отсто од вкупниот број респиратори со кои располага државата во моментов. Од нив 20 респиратори од норвешката Aмбасада, кои претходно беа земени во Турција, се повторно набавени и ќе пристигнат во земјава на 15 мај. Дополнителните 50 респиратори ќе пристигнат до крајот на овој месец, како и […]

Британска донација за социјално загрозените


Британска амбасада во Скопје се приклучи кон иницијативата на претседателот Стево Пендаровски – „Волонтираме за солидарно општество“. Утрово амбасадата донираше 450 пакети со вкупно 6.200 прехранбени продукти и продукти за хигиена за поддршка на граѓаните од најранливите категории кои се во социјален ризик, погодени од кризата предизвикана од епидемијата на коронавирусот.  Донацијата е направена во […]

Уставниот суд нема да го активира Собранието


Уставните судии денеска ја ставија ад акта расправата дали Собранието може да повторно да заседава откако пратениците се самораспуштија – на работен состанок беше разгледана иницијативата на судијата Осман Кадриу и беше заземен едногласен став дека не постојат услови за нејзино прифаќање. Кадриу преку иницијативата побара поведување постапка по службена должност за оценување на уставноста […]

ДУИ со два услова за избори – да не се загрози здравјето на граѓаните и да има набљудувачи од ОБСЕ/ОДИХР


Ставот на ДУИ во врска со изборите е дека треба да се исполнат два критериуми за одржување на избори. Односно, изборите би можеле да се одржат било кога, доколку се исполнат два услова – едниот е Комисијата за заразни болести да каже дека таков процес нема да загрози здравје на граѓаните и второ – ОБСЕ/ОДИХР […]

Општина Центар победи – Уставен потврди дека законски е донесен ДУП-от за Градска четврт „Даре Џамбаз“


Уставниот суд ја потврди законитоста при носењето на ДУП-от Градска четрвт И 04 – Даре Џамбаз во Општина Центар и донесено е решение со кое се одредува дека нема да се поведе постапка, изјави градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ. Со ова се отфрлува Иницијативата поднесена од ССИ Инвестмент ДООЕЛ Скопје. – Би сакал да […]

Прилепчанец и битолчанец починаа од ковид-19, оздравени 44, нови 13


Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 44 оздравени пациенти, нови 13 случаи и двајца починати. Оздравените се од Скопје 5, Куманово 12, Прилеп 9, Велес 12, Битола 2, Кавадарци 1, Крушево 1 и Неготино 2. Во изминатите 24 часа направени се 292 тестирања, а потврдени се 13 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Куманово-1, […]

Децата нема да останат незгрижени, градинките ќе се отворат штом ќе може


Комисијата за заразни болести и Владата работат на протокол со кој ќе се овозможи отворање на градинките и нивно безбедно функционирање, рече денеска на прес-конференција дополнителната заменик министерка, Санела Шкријељ, одговарајќи на новинарско прашање. Според неа, градинките ќе проработат во оној момент кога ќе се створат услови за безбедно згрижување на децата. Секако,  вели Шкријељ, […]

(Во живо) Прес на Бајрактар и на Шкриељ


Заменик-министерот за труд и социјална политика, Ѓонул Бајрактар и дополнителната заменик министерка, Санела Шкријељ ќе одржат прес-конференција. Проследете ја во живо:  

Независните го повикаа Мицкоски на дуел, очекуваат да не дојде


Како долгогодишни членови на ВМРО ДПМНЕ, членовите на Независната пратеничка група се обратија јавно до лидерот на оваа партија, Христијан Мицкоски, за да го потсетат дека во статутот на партијата членството во НАТО и ЕУ била главна насока од која тој скршнал.Во нивното обраќање стои: -Христијан, ти пред целата меѓународна заедница имаш став дека договорот […]

Богдановиќ: Белчева имаше целосна поддршка, за некои работи имавме забелешки


Градоначалникот на Општина Центар вели дека не знае од што била незадоволна експретседателката на Советот, Јана Белчева-Андреевска, која самоиницијативно се повлече од функцијата. Тој тврди дека таа имала целосна поддршка во сите активности, но дека очекувано е во текот на работата да има одредени несогласувања. „Нормално дека во секоја работа има одредени усогласувања и несогласувања, […]

Почина Владимир Голубовски, пратеник во првиот Парламент


Почина Владимир Голубовски, пратеник во првиот пратенички состав на Парламентот. Роден е во 1946 година во Скопје, дипломирал електро-технички науки. Владимир Голубовски беше претседател на ВМРО-ДП и во деведесеттите години се залагаше за создавање на првата самостојна македонска држава.

Пленковиќ: Одлуката за старт на преговорите со С. Македонија и Албанија е политичко наследство на претседавањето на Загреб со ЕУ


Мартовската одлука за започнување преговори за членство со Северна Македонија и Албанија ќе остане запишана во историјата како политичко наследство на хрватското претседавање со ЕУ, што претставува голема работа, изјави премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ за бриселскиот портал „Политико“. Според Пленковиќ, започнувањето на преговорите за членство со ЕУ, на кое земјава чекаше 15 години, „можеби […]