Бил позитивен на корона вирус, дошол во болницата да предизвика инцидент


Во ГОБ „8 Септември“ сега има хоспитализирани 22 лица (Фото: Б. Грданоски)

Еден од приведените за вчерашниот инцидент во Градската општа болница „8 Септември“ бил позитивен на коронавирус и имал решение за самоизолација, соопшти МВР. Тој ќе биде спроведен во државен карантин и против него ќе бидат поднесена кривична пријава за загрозување на здравјето на граѓаните.

Според првичните информации петмина од шесте приведени учествувале во инцидентот кој се случи синоќа. Тие дошле во болницата да го подигнат телото на роднина која починала за да го однесат на обдукција. Лекарите се обиделе да им го објаснат протоколот но тие продолжиле со насилното однесување и заканите кон докторката, тврдеќи дека се вооружени. По пријавата пред болницата беа испратени неколку полициски тимови.