Филипче: Девет отсто од пациентите починале меѓу вториот и петтиот ден по прием во болница


Фото: Б. Грданоски

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека секој пациент може да биде тестиран, ако не преку системот кај матичните лекари, тогаш со јавување во болница.

– Постои алгоритам со кој се закажува термин за тестирање преку матичните лекари, па ако има индиции, тој пациент се тестира.

Воопшто нема проблем доколку некој пациент се јави во болничка установа, таму ќе се прават испитувањата – вели Филипче, прашан дали знае дека матичните лекари не можат да најдат термин за тестирање за нивните пациенти, па им колабирата во ординација.

Појасни дека симптоматолошките пациенти може да се јават во болница каде ќе им се направат тестирања, што нема да паднат на товар на пциентот за плаќање.

– Анализата покажа дека смртноста е висока. Посебно во првите два три дена кај најтешките случаи. Околу триесетина како апсолутна бројка, 20 случаи или 9 проценти починале меѓу вториот и петтиот ден, значи биле примени во крајно лоша состојба – вели Филипче.

Потенцира дека болничките установи не се пеполнети. Во Козле има место. Има место и во „8 Септември“, но се работи на ротација на кадар.

– Низ државата има место во болниците. Трендот покажува дека има намалување на прием на пациенти. Вчера, прв пат, испишавме повеќе пациетни отколку што беа примени – рече Филипче, додавајќи дека утре завршува и инсталацијата за довод на кислород во модуларната болница, која целосно е празна.

– Правиме напори здравствениот систем постојано да е во добра кондиција да се примаат пациенти, со детална подготовка за есенските месци, затоа што може да има наплив на пациенти токму тогаш додаде Филипче.