Од утре попладне дожд, ветер и грмежи, на места невреме


фото: Б. Грданоски

Под влијание на понестабилна воздушна маса, од утре попладне се најавува нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Синоптичарите очекуваат и поинтензивни процеси во форма на локално невреме.

За време на викендот на повеќе места ќе биде нестабилно со пад на дневната температура.