Димитров: Не чекавме 15 години за да правиме чекори назад


Министерот за надворешни работи Никола Димитров на денешната прес-конференција истакна дека едно од суштинските права, е правото на самоопределување.

-Ние не чекавме 15 години со дилема кога ја имаме алатката дома, да правиме чекори назад. Граѓаните не треба да се плашат од механизмот на ЕУ за земја која ќе повреди европска, суштинска вредност. Во основа за тоа се воведува реверзибилност,а ако решиме да се вратиме во заробена држава. Таква намера апсолутно немаме, сакаме да грабаме напред. Да има повеќе правда во земјава.

Во однос на Бугарија, јас сум убеден дека во тој процес двете земји мора да бидат победници. Софија вложи многу во нашата европска иднина, почнавме благороден процес со Договорот за пријателство и додека се држиме до одредбите од истиот, нема начин како тоа што ни е нас суштинско, идентитетските прашања, да бидат во судир со европските вредности и кауза. Едно од суштинските права е нашето право да се изразиме кои сме, право на самоопределување. Ќе работиме заедно со нашите соседи и ќе најдеме начин тоа што може да го решиме како разлика, но овие се завршени прашања преку личната карта во ОН.

Како што вели Договорот за пријателство ќе работиме да бидеме поблиски врз онова на почитта кон другиот, со тоа се обврзуваат двете страни да го почитуваат правото на другиот. Тука нема влог само македонската страна, туку и ЕУ во однос на принципите од Лисабонскиот договор. Ова ќе го направиме низ разговор и ќе прогласиме заеднички успех во втората половина од оваа година. Ни претстои голем самит, а Берлин претседава тој период со ЕУ. Ги имаме параметрите за да најдеме решение и да имаме добра преговарачка рамка, рече Димитров.

Тој изрази уверување дека со помош на институциите на ЕУ и под водството на германската канцеларка Ангела Меркел преговарачката рамка ќе ја усвојат сите земји членки и дека ќе ги започнеме и формално преговорите за членка со прва меѓувладина конференција. Додаде оти Владата е подговена во полн капацитет да ги почнеме и успешно да ги спроведеме преговорите во најбрз можен рок.

Димитров од своја страна посочи дека Комисијата ја исполни својата задача, и врз основа на новата методологија предложи преговарачка рамка што е поконкретна, подинамична, поверодостојна која што на земјите членки им дава простор да учествуваат и тие директно со свои експерти во земјите во преговорите и да учествуваат со контрибуции кон извештаите за напредокот.