Исчистени неколку диви депонии во Скопје


Во текот нa денешниот ден, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстранија неколку диви депонии лоцирани во скопските општини Чаир, Бутел, Ѓорче Петров и Аеродром. „И покрај тоа што расчистувањето на дивите депонии не претставува примарна обврска на ЈП Комунална хигиена-Скопје, нашите екипи и денеска отстранија огромно количество отпад одложен на јавни површини во повеќе скопски општини. […]

Советот за етика се откажа од грантот на Владата


Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) соопшти дека отстапува од грантот во рамки на владината поддршка за здруженија и фондации за мерки за справување со Ковид-19 кризата. СЕММ, како што се посочува, испрати официјален допис до Генералниот секретаријат на Владата на 14 јуни пред официјалното објавување на информацијата за доделените средства на здруженијата […]

Во Дебреште гости од Скопје го пренеле вирусот додека ги чекале резултатите


Во некои од руралните прилепски општини постои голем отпор на жителите за тестирање, па во неколку случаи асистирала и полицијата   Битола – Прилеп и околните општини бројат 232 заразени со корона вирус од кои активни се 20 случаи, кажуваат последните потврдени информации од Министерството за здравство. Најголем дел од потврдените случаи се од Прилеп, […]

ДИК: Здравствени работници во избирачките одбори, оние во самоизолација да пријават гласање седум дена пред изборите


Државната изборна комисија (ДИК) денеска на седница донесе ревидиран Роковник за парламентарните избори за кои политичките партии постигнаа договор да се одржат на 15 јули. Членовите на ДИК уверуваат дека ќе се направи сè за заштита на граѓаните и членовите на изборните органи од ширење на корона вирусот за што тие уште денеска разговарале со […]

Откажани речиси 128.000 прегледи од „Мој термин“


Близу 128 000 термини се откажани или нереализирани од почетокот на епидемијата со корона вирусот досега – покажуваат податоците на електронскиот здравствен систем Мој термин, јави 24 Вести. Но, и по три месеци од прогласувањето на епидемијата, болниците примаат само итни случаи, а се уште нема конкретен датум кога ќе почнат да се примаат пациентите […]

Од утре се отвораат сите гранични премини


Како што соопшти владината прес-служба, Владата донесе одлука од утре, 17 јуни, да се отворат сите гранични премини во земјата со примена на мерките што се активни, при што за влез во Северна Македонија е задолжително да се приложи валиден негативен ПЦР тест, не постар од 72 часа. Останува и мерката за потпишување „Изјава за […]

Болните со Ковид-19 може да се лекуваат и во приватни клиники


Владата на Република Северна Македонија на денешната 69-та седница ја дополни Уредбата со законска сила за примена на Законот за здравствената заштита за време на вонредна состојба, согласно која сега и приватните здравствени установи, во рамките на вршењето на дејноста за интензивна нега и терапија, ќе можат да укажуваат здравствени услуги и за заразната болест […]

Груби: ДУИ ќе одлучува кој ќе формира Влада


Барањето Албанец премиер сега веќе отворено се поставува  како услов  од ДУИ со кој интегративците најавуваат дека ќе водат преговори за состав на новата Влада. ДУИ и овој пат ќе биде партија која ќе одлучува кој ќе го формира новиот владин состав, тврдел Артан Груби во дебатниот магазин Клик Плус на ТВ21. Тој рече дека […]

Мицкоски: Ќе коалицираме според програми, не ултиматуми


ВМРО-ДПМНЕ е првата политички партија која промовираше шпицен кандидат за премиер. Добро е што и ДУИ сака да излезе со свој кандидат за премиер, ама тоа треба да биде мултиетнички, а не моноетнички концепт, рече Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО – ДПМНЕ  за иницијативата на ДУИ за прв Албанец премиер. – Сите партии кои ценат […]

(Во живо) Јавна седница на ДИК – се ревидира Роковникот за парламентарните избори


Ревидиран Роковник за предвремените парламентарни избори треба да донесе Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница закажана за 16: 30 часот. Ревидираниот Роковник се носи откако вчера политичките партии се договорија предвремените парламентарни избори да се одржат на 15 јули. Првично, изборите беа закажани за 12 април, но поради ширењето на корона вирусот изборните дејствија […]

Анкета: СДСМ води пред ВМРО-ДПМНЕ со четири процентни поени


Според анкетата, Коалицијата на Алијансата и Алтернатива има мала предност пред ДУИ. На прашањето: „Која партија ќе победи на изборите“ – 23,8 отсто одговориле дека тоа ќе биде коалицијата на СДСМ и Беса, додека 12,5 отсто мислат дека тоа ќе биде коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ   Опширна анкета направена на крајот од мај и почетокот на […]

Двајца здравствени работници од Инфективната клиника и 36 од ГОБ „8 Септември“ заразени со Ковид-19


Во Градската општа болница „8 Септември” тројца анестезиолози, тројца интернисти, 25 медицински сестри, ангажирани на одделенијата каде се лекуваат позитивни и сомнителни случаи и пет болничари се заразени со корона вирус, информираа за МИА од Министерството за здравство. На Клиниката за инфективни болести  фебрилни состојби, како што посочија, заразени се двајца здравствени работници, а други […]

ИВЗ повика на поголема одговорност на секој во надминување на Ковид-19


Исламска Верска Заедница ќе ги почитува правилата на транспарентно и во секој момент и прилика ќе им овозможи на медиумските преставници изворни информаци со единствена цел истите да ги извршуват задачите и должности на правилен и независен начин, рече Фетах Шаќири, вршител на должност Реис на ИВЗ. Вршителот на должноста претседател на ИВЗ, реисот Шаќири […]

Медицинската струка најбарана на уписот за средно во Прилеп


На уписите во петте средни училишта во Прилеп, најголем интерес има за медицинските струки. Првиот ден од првото пријавување во јуни денеска се спроведува со заштитни мерки и со прием на документите по азбучен ред, како што наложи протоколот од Владата. Меѓу пет струки во средното училиште „Ѓорче Петров“ е и медицинската. Директорот Страшо Ѓорѓиески рече […]

Само во Чаир има 302 активни случаи на корона вирус, Аеродром 118, Бутел 110


Чаир од скопските општини се уште има најмногу заболени од Ковид-19, односно 302 активни случаи, заклучно со вчерашниот ден. Општина Аеродром пак се искачи на второто место со 118 активни случаи. Повеќе од 100 активни случаи на корона вирус во Скопје имаат уште општините Бутел, Гази Баба и Центар. Листата на активни случаи по општини […]

Деjвид Гер номиниран за нов шеф на делегацијата на ЕУ на местото на Жбогар


Високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија Жосеп Борел денеска го номинираше Дејвид Гер за нов шеф на делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија, кој треба да дојде на местото на досегашниот евроамбасадор Самуел Жбогар. Гер во моментот е на чело на Секторот за политика за санкции […]

Нови 134 случаи, осум починати – Скопје рекордер со 97 новозаболени


Во последните 24 часа се направени 1.173 тестирања, а регистрирани се 134 нови случаи на Ковид-19. -Скопје 97 -Куманово 5 -Прилеп 1 -Тетово 11 -Струга 3 -Велес 1 -Битола 1 -Кавадарци 1 -Крушево 2 -Валандово 1 -Кратово 1 -Кичево 2 -Ресен 7 -Неготино 1 На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа три лица […]

Лекарите на крај на сили, системот може да колабира


Лекарите и медицинските сестри во болниците што го носат главниот товар со епидемијата се жалат  дека се преморени. Иако деновиве добија помош од внатрешноста , и натаму се соочени со долги и стресни дежурства, со тешки случаи и се пополни болници. Покрај тоа што расте бројот на заразении на хоспитализирани лица на Клиниката за инфективни […]

До крајот на неделата променливо време, попладне со дожд и ветар


Променливо облачно време со локална нестабилност во попладневните часови ќе преовладува до крајот на неделава. Преодно стабилизирање ќе има в петок, а в сабота повторно услови за попладневна нестабилност со краткотраен дожд и грмежи. Дневните температури ќе бидат високи и ќе се движат од 23 до 33 степени. В петок се очекува умерен до засилен […]

Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР за три дена во земјава, од 22 јуни целосно функционална за следење на изборите


За три дена, односно на 19 јуни во земјава пристигнува набљудувачкиот тим на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР, кој ќе биде подготвен за работа од 22 јуни, изјави за МИА портпаролката на ОБСЕ/ОДИХР, Катја Андруш. Таа истакна дека ОДИХР ќе распореди Специјална изборна оценувачката мисија во Северна Македонија за предвремените парламентарни избори, кои откако СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ […]