Пратениците може да останат без плата за август


Пратениците во новиот собраниски состав, но и службите во парламентот, може да останат без плата за август доколку до 26 овој месец не се формира Комисијата за избори и именувања, предупреди денес на продолжението на собраниската седница претседавачот Талат Џафери.

Тој на почетокот на продолжението на седницата рече дека нема предлог кандидати за оваа важна собраниска комисија во чија надлежнст се и статутарните прашања на пратениците, и тој предложи да се продолжи со избор на Претседател на Собранието.