Aдмирал Бауер на средби со Шекеринска и Ѓурчиновски

Командантот на вооружените сили на Кралството Холандија, адмирал Роб Бауер денеска ќе оствари средби со министерката за одбрана Радмила Шекеринска и неговиот колега генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски.

Главни теми на разговорите во Генералштабот, како што е наведено во соопштението од ГШ на Армијата, ќе бидат унапредување на билатералната воена соработка, процесот на трансформација на Армијата на Република Северна Македонија, учеството во меѓународните мисии и можностите кои ги пружа армискиот полигон Криволак за изведување на заедничка обука и вежби.

За време на посетата адмиралот Бауер ќе оствари средба со претседателот на Република Северна Македонија и врховен командант на Армијата, Стево Пендаровски.

Посетата на адмиралот Бауер, како што соопшти Амбасадата на Холандија, воедно претставува и одбележување на членството на Република Северна Македонија во НАТО.

Делегацијата на вооружените сили на Кралството Холандија, предводена од адмиралот Бауер од вчера е во официјална посета на нашата земја.