Џафери го потпиша Решението за распишување на предвремените избори на 15 јули


Претседателот на Собранието, Талат Џафери соопшти дека синоќа го потпишал Решението за изменување и дополнување на Решението за распишување на предвремените избори. Консензуалниот датум на власта и опозицијата, како што наведува Џафери, е 15 јули 2020 година. Според него, овие избори нема да бидат вообичаени зашто нема да има вообичаена изборна кампања, а сите грашани, […]

Филипче: Партиите без исклучок да ги почитуваат сите протоколи и мерки во кампањата


Министерот за здравство Венко Филипче, по објавениот датум за избори, упати апел до сите политички чинители за спроведување на целиот изборен процес без загрозување на здравјето на граѓаните. – Во врска со договорениот датум за изборите би сакал да испратам порака до сите политички партии и чинители кои учествуваат во изборниот процес. Барам апсолутно сите […]

(Интервју) Богојески: И без криминал може да се управува држава


Слободанка Јовановска Фото: Борис Грданоски   Бараме правна држава а Бога молиме да не ја најдеме, вели Петар Богојески од „Македонски концепт“ за одлуката, и покрај уредбата за избори, да се донесе политичка одлука за друг датум за избори. Во интервјуто за „Независен“, ден откако ја почна официјално кампањата, порачува дека на овие избори нема […]

„Кластерот МВР“ со 41 позитивен и 180 изолирани


Во моментов во МВР има 41 лице позитивно на Ковид-19, а 180 вработени се во самоизолација, изјави за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, Тони Ангеловски, портпарол на МВР. Тој напомена дека по епидемиолошката анкета констатирано е дека пет лица треба да бидат во самоизлоцаија наредниве 14 дена. -Бројката на заболени е променлива. Во моментов има 41 […]

Ќе се гласа три дена, а на изборниот ден од 7 до 21 часот


Гласањето на парламентарните избори на 15 јули ќе се одвива три дена, а на изборниот ден ќе биде продолжено за два часа и ќе трае од 19 до 21 часот. Според Уредбата со законска сила што ја донесе Владата,  на 13 јули ќе гласаат лицата кои се во домашен карантин заради позитивен тест на КОВИД-19 […]

Владата донесе нова уредба за изборите на 15 јули


Владата на синоќешната седница  донесе Уредбата со која се регулираат прашањата поврзани со изборите. Според неа, на изборите за пратеници во Собранието, закажани за 15 јули 2020 година се применуваат одредбите од Изборниот законик, освен за оние дејствија за кои со оваа уредба со законска сила не е поинаку уредено. Членот 2 од Уредбата определува […]

Уписи во средните училишта, пријавувањето по азбучен ред од презимето


Од денеска до 18 јуни ќе се спроведува првото пријавување од јунскиот рок за упис во учебната 2020/2021 година, според критериумите утврдени во Конкурсот на Министерството за образивание и наука за запишување ученици во прва година во јавните средни училишта за настава во гимназиско, стручно, уметничко и за средно образование за ученици со посебни образовни потреби. […]

Прогласена осумдневна вонредна состојба, институциите и партиите се подготвуваат за избори на 15 јули


Партискиот договор за одржување на предвремени парламентарни избори на 15 јули годинава, синоќа резултираше со прогласување нова вонредна состојба од страна на претседателот на државата Стево Пендаровски во траење од осум дена. Следно што треба да се очекува е претседателот на Собранието Талат Џафери да потпише ново решение за одржување на изборите на 15 јули, […]

Висок е процентот на заразени без симптоми, во болниците се 14 отсто од вкупниот број заболени


Вкупниот број на потврдени со КОВИД-19 од почетокот на епидемијата до вчера се искачи на 4157, а на починати е 193. Во вчерашниот билтен на Министерството за здравство беа евидентирани 103 нови случаи со вирусот од 841 направено тестирање, а пет пациенти починаа. Активни има 2241 случај. Најголем број од новите случаи (46) се во […]

Сончево со мала доумерена облачност, попладне дожд и грмежи


Времето ќе биде променливо облачно, претпладне понекаде со локален дожд, а попладне на места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната ќе достигне од 22 до 30 степени. УВ=8 Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има […]

Мицкоски: Партијата едногласно одлучи дека ќе учествува на изборите на 15 јули


ВМРО-ДПМНЕ вечерва на седницата на Централниот комитет донесе едногласна одлука дека ќе учествува на изборите на 15 јули. Како што соопшти партискиот лидер, Христијан Мицкоски по седницата, ВМРО-ДПМНЕ очекува Талат Џафери да ги закаже изборите. Од пред Централниот штаб истакна дека договорот околу датумот се одолговлекувал зашто не можел да прифати избори кои ќе значеле […]

Владата побара вонредна состојба до 22 јуни, Пендаровски веднаш донесе одлука


Владата на вечерашната 67-ма седница донесе заклучок да поднесе предлог до претседателот на државата Стево Пендаровски, врз основа на членот 125 од Уставот да утврди постоење на вонредна состојба за период од 8 дена, почнувајќи од денеска, 15 јуни, до 22 јуни. „Предлогот се поднесува заради спроведување на предвремени избори за пратеници во Собранието на […]

ДИК има испланирани дејствија за изборите, бара протокол за нивно спроведување


Откако ќе го добие Решението за распишување на предвремените парламентарни избори од претседателот на Собранието, Државната изборна комисија (ДИК) ќе почне да го организира процесот со дејствија меѓу кои и ревидирање на Роковникот. Претседателот на ДИК Оливер Дерковски  смета дека новата вонредна состојба, која се очекува да биде прогласена утре, ќе трае само за да […]

(Видео) Протест за убиството на младиот кошаркар од Ново Лисиче


Другарите, соседите и роднините денеска попладне одржаа протестен марш за младиот кошаркар Никола Христовски кој лани беше убиен во Ново Лисиче. Протестот беше закажан откако судот  го осуди убиецот на три години затвор. Насобраните маршираа од крстосницата кај Јане Сандански до местото на убиството. Тука застанаа со минута молк сеќавајки се на Никола. Извикуваа: „Правда […]

Спасовски ветува безбеден изборен процес


Постигнатиот договор меѓу лидерите на политичките партии предвремените парламентарни избори да се одржат на 15 јули е од исклучителен интерес за граѓаните и за перспективите на нашата земја. Тоа е првиот чекор кон организацијата на инклузивни, фер и демократски избори по примерот на европските искуства кои треба да станат наша редовна пракса во иднина, напиша […]

Борел и Брнз задоволни од компромисот за изборите


Амбасадорката на САД, Кејт Брнз, на Твитер ја поздрави информацијата дека предвремените парламентарни избори се закажани за 15 јули. „Ја поздравувам информацијата дека изборите се закажани за 15 јули. Идниот парламент и Влада се соочуваат со исклучителни одговорности и што ќе влијаат врз иднината на државата, вклучувајќи го и Ковид–19, како и пристапните преговори со […]

Прослава на Спасовден направила семеен кластер од корона во Ресен


Сто дена издржавме без ниеден случај, но Ресен не живее под стаклено ѕвоно, па вирусот дојде и овде, вели градоначалникот Живко Гошаревски   Битола – За само неколку дена бројот на заболени од корона вирусот во Ресен  се искачи на 25 од кои еден починат. Речиси сите потврдени  случаи се од градот Ресен, а само […]

Се анализира кога може да почнат со работа градинките


Министерот за здравство Венко Филипче  не може точно да каже кога би можеле да почнат со работа градинките, но информира дека на неделна основа се анализираат податоците, бројките, а во Владата ќе се разговара и за тоа, како и за ослободување на мерките на рестрикција што важат за добар дел од економските оператори, што се […]

Пендаровски го поздрави договорот за изборите


Претседателот Стево Пендаровски го поздравува постигнатиот договор помеѓу лидерите на политичките партии,  предвремените парламентарни избори да се одржат на 15 јули годинава. Истовремено, претседателот Пендаровски искажува очекување дека изборите ќе бидат фер и демократски, како што доликува на земја членка на НАТО и земја којашто отпочнува преговори со Европската Унија. Постигнатиот консензус за датумот за […]

Вархеји го поздрави договорот за одржување на изборите на 15 јули


Го поздравувам договорот постигнат меѓу двете главни политички партии во Северна Македонија за одржување на изборите на 15 јули, напиша на Твитер еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји. – Важен сигнал за земјава, нејзините граѓани и патот кон ЕУ, овој договор го трасира патот кон слободни, фер и инклузивни избори, коишто ќе бидат […]