Излезе деветиот број на „Дипломатскиот летопис“


Дипломатскиот клуб го објави деветиот број на „Дипломатскиот летопис“, нивното тематско списание за дипломатијата, меѓународните односи и меѓународното право. – Во овој број на „Летописот“, издаден во услови на пандемија, редакцијата успеа да обезбеди и да помести серија на прилози на еминентни автори за историските успеси на македонската држава и дипломатија со зачленувањето во НАТО […]

Гостивар на врвот од дневната „ковид статистика“, 22 новоинфицирани


Гостивар и околината го презедоа приматот во однос на другите градови по бројот на новозаразени со корона вирусот. Во моментов активни се речиси 300 слуачи. Здравствените власти соопштија дека во гостиварските три општини во последниво деноноќие се откриени 22 нови случаи на Ковид 19. Еден од заклучоците на регионалниот кризен штаб за општините Гостивар, Врапчиште […]

Денеска 74 заразени со Ковид-19, бројката на починати сега е 500


Во последните 24 часа се направени 689 тестирања, а регистрирани се 74 нови случаи со Ковид-19. Според градови: Скопје-14, Куманово-8, Штип-13, Струга-1, Кавадарци-3, Гостивар-22, Кочани-1, Берово-3, Виница-4, Свети Николе-3, Кичево-2. Починати се тројца пациенти, еден од Битола (73 г.), еден од Демир Хисар (73 г.) и еден од Скопје (44 г.). Сите пациенти се починати […]

Талат Џафери излезе од болница, утре ќе ја води седницата


По повеќедневно лечење од пневмонија на Инфективната клиника досегашниот претседател на Собранието, Талат Џафери, излезе од болница и утре ќе ја води конститутивната седница на новиот пратенички состав. Како што велат од кабинетот на претседателот на Собранието, Џафери се чувствува добро. Претставниците на Комисијата за заразни болести и денеска ги прават последните подготовки за утрешната […]

Уште тројца млади заболеа од Ковид -19 во Кавадарци


Уште тројца млади заболеа од Ковид -19 во Кавадарци, ова денеска за МИА го потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје. Станува збор за две машки и едно женско лице, на возраст од 19 и 22 години, од познати кластери. Сите се со лесна клиничка слика и на домашно лекување. […]

Ковид-19 најризичен за постарите лица


Од Министерство за здравство соопштуваат дека Ковид-19 е акутна респираторна болест предизвикана од SARS CoV-2 вирусот што предизвикува поголема смртност кај лица на возраст од над 60 години и кај лица со основни медицински состојби како што се кардиоваскуларни заболувања, хронична респираторна болест, дијабетес и карцином. Објектите за долготрајна нега, како што се геријатриските болници, […]

(ВИДЕО) Охрид ќе стане „македонски Вухан“


Видео кое е објавено на социјалните мрежи со коментар Охрид „македонски Вухан“ покажува дека на плажа во главниот туристички центар во Македонија, луѓето се забавуваат, но дистанца не се одржува. Видеото е снимено на плажата Градиште. Низа забелешки имаше за продолжениот викенд за неносење маски, и не одржување на дистанца во Охрид. На Твитер имаше коментари […]

ВМРО-ДПМНЕ предлага решенија за образованието од септември


ВМРО-ДПМНЕ излезе со предлог како да се организира образованието од септември, тврдејќи дека СДСМ и Заев не успеале да се справат досега ниту  со здравствената, ниту со економската, а сега на повидок е уште една криза на поле на образованието.ВМРО-ДПМНЕ нуди  решение во 10 точки: 1.Часот во училиштата каде ќе се одвива физичка настава да трае […]

Филипче: Обезбедени 61 единица конвалесцентна плазма за третман на пациенти со Ковид-19


Досега се обезбедени 61 единица конвалесцентна плазма за третман на пациенти со Ковид-19, објави денеска на својот ФБ профил министерот за здравство Венко Филипче. Крвна плазма, посочува, може да дарува лице кое оздравело од коронавирус. -Ајде да бидеме хумани и да им помогнеме на пациентите кои сѐ уште се борат со овој непредвидлив вирус. Да […]

Бајден им го честиташе Илинден на македонските Американци во САД  


Од мое и име на сопругата Џил испраќаме честитки до македонско-американската заедница по повод празникот Илинденско востание од 1903 година и антифашистичката декларација од 1944 година, стои во соопштението од синоќа на Џо Бајден, поранешен потпретседател на САД. Бајден, кој со актуелниот претседател Доналд Трамп, ќе се бори на изборите годинава во ноември како кандидат […]

Реафирмирани вредностите на двата Илиндена, одбележувањето без масовни собири


Одбележувањето на големиот државен празник 2 Август – Денот на Републиката, Илинден годинава помина во услови на здравствени протоколи поради заштита од ширење на пандемијата од Ковид-19 и без традиционалните културно-умтнички програми и масовни народни собири. Од државниот врв, како и од политичките партии пораки за реафирмација на вредностите на Илинден 1903 и АСНОМ 1944. […]

Бројот на новозаболени од Ковид-19 и натаму трицифрен, Чаир на врвот меѓу скопските општини


Нови 166 случаи со Ковид-19 од 1.419 тестирања беа евидентирани во вчерашниот извештај на Министерството за здравство за изминати 24 часа. Починаа четири пациенти од Скопје, Кичево, Штип и Битола. Регистрирани се 185 оздравени пациенти. Вкупниот број Ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 11.054, бројот на оздравени пациенти е 6.882, на починати […]

Сончево и топло со температура до 35 степени


Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. УВ индексот ќе биде 8, информира Управата за хидрометеролошки работи. Утринската температура ќе се движи од 11 до 22 степени, а дневната од 27 до 35 степени. Во Скопје и околината времето ќе биде […]

Грција дозволи летови од Македонија до Атина


Грчката агенција за цивилно воздухопловство во саботата издаде нова директива за авијација со која се дозволува сите авиони за Грција од Македонија да слетуваат само на меѓународниот аеродром во Атина (АИА), како дел од превентивните мерки на земјата против коронавирусот (Ковид19). Летовите кон и од двете земји претходно беа привремено забранети. Според новата диеектива, на […]

Филипче: Лежалката на плажа лесно се заменува со болнички кревет


Лежалката на плажа лесно се заменува со болнички кревет. Да ги почитуваме мерките за заштита од Ковид-19, да го зачуваме нашето здравје, но и здравјето на нашите родители, баби и дедовци, затоа што нема ништо поважно од грижата за нашите најблиски, објави денеска на својот ФБ профил министерот за здравство Венко Филипче. Тој повторно укажа […]

Само Пехчево и Валандово немаат заболени од Ковид-19


Со денешните 166 новорегистрирани зарзени со корона вирус, во Скопје има 1.372 активни случаи, најмногу во земјава, а Пехчево и Валандово се единствените два града во кои нема ниту еден активен случај. Со заболени од Ковид-19 се борат и Штип каде има 428 активни случаи, Куманово, со 263 случаи, потоа Гостивар со 269,  Тетово со […]

Нови 166 случаи на корона вирус, починаа четворица


Во последните 24 часа се направени 1.419 тестирања, оздравеле 185, починати се четворица пациенти, а регистрирани се 166 нови случаи на Ковид-19 во: -Скопје 47 -Куманово 17 -Дебар 1 -Штип 23 -Тетово 12 -Струга 7 -Битола 1 -Охрид 3 -Кавадарци 9 -Гостивар 15 -Гевгелија 1 -Струмица 1 -Демир Хисар 1 -Македонски Брод 10 -Виница 2 […]

Коневски: Мицкоски, на овој голем ден се однесуваш срамно – редно е да си одиш од ВМРО-ДПМНЕ


Ивица Коневски, поранешен градоначалник на Општина Аеродром и актуелен советник за град Скопје на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, денеска, на Денот на републиката, Илинден, повторно го повикува претседателот на партијата Христијан Мицкоски, да поднесе оставка од фунцијата. – Мицкоски, ти повторно се однесуваш срамно и тоа на овој голем ден, на најголемиот македонски празник Илинден. Кога […]

Десет нови случаи на коронавирус во Тиквешко, осум во Кавадарци и двајца во Неготино


Десет нови случаи на коронавирус се регистрирани во Тиквешко, осум во Кавадарци и двајца во Неготино, за МИА денеска потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје. Новозаболените се на возраст од 17 до 63 години, повеќето од женски пол. Некои од нив претходно биле во контакт со позитивен на Ковид-19, […]

Мицкоски: ВМРО е кодот на Македонецот


Ова ќе биде мој трет Илинден како претседател на најголемата политичка партија, да зборувам за она што следи во месеците и годините што се пред нас, рече во денешното обраќање Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ по повод државниот празник 2 -ри Август – Илинден во село Ташмаруништа, Струга. – Ќе започнам со Ура! За “Афтономна […]