Јане Миланов избран за вршител на должност градоначалник на Општина Штип


Советниците денеска на 40-та онлајн седница на Совет на Општина Штип за вршител на должност градоначалник на Општината го избраа Јане Миланов, кој претходно ја извршува функцијата заменик градоначалник по заминувањето на Благој Бочварски на министерската позиција во транспорт и врски.

Миланов бил и  единствениот предлог за оваа функција предложен од страна на советник во Советот на Општина Штип, а од страна на мнозинството советници  едногласно е избран.

Миланов функцијата в.д. градоначалник на Општина Штип ќе ја извршува до предвремените  избори за градоначалник, кои ќе се одржат на 13 и 27  декември.

Миланов денеска пред новинарите истакна дека ќе продолжи со тековните проекти и секојдневни обврски на локалната самоуправа со цел непречено одвивање на функционирањето на градот и граѓаните.