Нов црн рекорд: 445 заразени од Ковид-19, починаа 9 лица


Фото: Б. Грданоски

Со неколкучасовно задоцнување Министерството за здравство денеска соопшти дека во последните 24 часа има рекордни 445 инфицирани од Ковид-19. Направени се 2.441 тестирања. И бројката на починати е поголема – денеска животот го загубија деветмина, сите во болница. Институтот за јавно здравје регистрира 194 оздравени пациенти.

Во Скопје има повеќе од половина од новите инфекции – 249. Потоа следат Куманово – 12, Штип – 13, Прилеп – 25, Тетово – 16, Струга – 7, Велес – 7, Битола – 14, Охрид – 12, Кавадарци – 3, Гостивар – 12, Гевгелија – 2, Струмица – 36, Крива Паланка – 5, Радовиш – 7, Кочани – 6, Пробиштип – 1, Берово – 2, Виница – 3, Делчево – 2, Свети Николе – 4, Кичево – 6, Ресен – 1.

Во главниот град се регистрирани и најголем број оздравени пациенти, 77, Куманово – 15, Штип – 11, Прилеп – 7, Тетово – 11, Струга – 1, Велес – 1, Битола -5, Гостивар – 12, Гевгелија – 2, Струмица – 14, Радовиш – 3, Кочани – 18, Пробиштип – 2, Пехчево – 1, Берово – 5, Валандово – 4, Виница – 2, Свети Николе – 2, Кичево – 1.

Од починатите лица двајца пациенти се од Скопје (72 и 62), двајца од Струга (58 и 65), како и по еден од Куманово (66), Струмица (80), Крива Паланка (83), Пробиштип (60)  и Свети Николе (65).

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 21.636, бројката на оздравени пациенти е 16.591, на починати е 809, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4.236. Од вчера се регистрираат два контролни теста, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

  • Скопје 8.872, активни 1.969
  • Куманово 1.898, активни 168
  • Дебар 294, активни 36
  • Штип 1.381, активни 125
  • Прилеп 839, активни 181
  • Тетово 1.622, активни 226
  • Струга 727, активни 65
  • Велес 392, активни 69
  • Битола 403, активни 111
  • Охрид 476, активни 60
  • Кавадарци 284, активни 63
  • Гостивар 1003, активни 84
  • Гевгелија 205, активни 93 (13 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 30 на Богданци и 12 се странски државјани)
  • Струмица 473, активни 281
  • Крива Паланка 161, активни 54
  • Радовиш 148, активни 62
  • Крушево 20, активни 0
  • Кочани 512, активни 201
  • Пробиштип 130, активни 18
  • Демир Хисар 62, активни 1
  • Македонски Брод 95, активни 2
  • Пехчево 48, активни 4
  • Берово 155, активни 51
  • Валандово 64, активни 36
  • Виница 141, активни 46
  • Делчево 195, активни 103 (36 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
  • Кратово 27, активни 3
  • Свети Николе 407, активни 59
  • Кичево 363, активни 37
  • Ресен 171, активни 10
  • Неготино 68, активни 18 (13 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се девет пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 87 пациенти. На кислородна поддршка се 47 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 9 деца и 9 мајки позитивни на ковид-19, нема хоспитализирани пациенти суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ има 7 приеми, а вкупно хоспитализирани се 42 пациенти. На респиратор се 3 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 33, а во болницата во Штип се 48 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга и Кочани се хоспитализирани 187, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска:

  • Чаир – 84
  • Гази Баба – 180
  • Аеродром – 400
  • Карпош – 344
  • Центар – 353
  • Кисела Вода – 232
  • Ѓорче Петров – 169
  • Бутел – 74
  • Шуто Оризари – 13
  • Студеничани – 3
  • Сарај – 17
  • Арачиново – 4
  • Илинден – 28
  • Сопиште – 17
  • Чучер Сандево – 6
  • Петровец – 8
  • Зелениково – 5
  • Странец – 11
  • Нераспределен – 21