Аеродром со 400 активни случаи е далеку пред Центар со активно заболени од Ковид-19


Фото: Б. Грданоски

Од денешните 445 новозаболени од Ковид-19 во земјава, во Скопје се дури 249. Тоа ја зголеми и бројката на заболени во Општината Аеродром, каде во моментов има 400 активни случаи на заболени, со што оваа општина е далеку пред Центар, каде има 353 активни случаи. Следува Карпош со 344, а Гази Баба и Ѓорче Петров имаат 180 односно 169. Другите скопски општини имаат под 100 активни случаи заболени со корона вирус.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

  • Чаир – 84
  • Гази Баба – 180
  • Аеродром – 400
  • Карпош – 344
  • Центар – 353
  • Кисела Вода – 232
  • Ѓорче Петров – 169
  • Бутел – 74
  • Шуто Оризари – 13
  • Студеничани – 3
  • Сарај – 17
  • Арачиново – 4
  • Илинден – 28
  • Сопиште – 17
  • Чучер Сандево – 6
  • Петровец –8
  • Зелениково – 5
  • Странец – 11
  • Нераспределен-21.