Мијалкови позитивни на Ковид-19


Ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков е позитивен на Ковид-19, потврди за Плусинфо неговиот бранител Љупчо Шврговски.

Шврговски вели дека на Мијалков усно му било кажано дека е позитивен и дека допрва го чека решението. Адвокатот се слушнал со Мијалков и вели дека тој засега се чувствува добро и дека анализите на крвта му биле добри.

Поради новонастанатата ситуација, додава Шврговски, ќе мора да се одложат главните рочишта за Мијалков. Тој не знаеше дали ексдиректорот на УБК ќе биде дома во самоизолација или ќе биде хоспитализиран.

Инаку, освен Сашо Мијалков, позитивна на коронавирусот е  и неговата сопруга Александра, примабалерина.