Сончево со слаб до умерен ветер


Времето денеска ќе биде сончево со слаб до умерен североисточен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 22 степени. Како што соопшти УХМР, следува период на сончево и топло време со пораст на дневните температури. Од сабота ќе има извесно зголемување на облачноста, а од почетокот на идната седмица ќе има услови …

Сончево со слаб до умерен ветер Read More »

Русија подготвена да го намали производството на нафта за 14 отсто


Во рамки на договорот што го постигна со земјите од ОПЕК, Русија изрази подготвеност за 14 отсто да го намали производството на нафта, што значи за 1,6 милиони барели дневно, соопшти денеска неименуван претставник на руското Министерство за енергетика, пренесе Тасс. „Ја потврдуваме нашата подготвеност да го намалиме производството  на руска нафта за 1,6 милиона …

Русија подготвена да го намали производството на нафта за 14 отсто Read More »

Бебе меѓу заразените во Македонија


Бебе на возраст од неколку месеци е заразено со коронавирус, потврдиле за „Слободен печат“, високи извори од Министерството за здравство. И во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје каде секојдневно се соопштува возраста на заболените, денеска се наведува дека таа се движи од 0 до 91 година.Претходно најмладиот пациент со Ковид 19 имаше две …

Бебе меѓу заразените во Македонија Read More »

Во автомобил да се возат најмногу тројца со заштитна опрема


Повеќе од тројца патници, вклучително и возачот не смеат да се возат во ист автомобил, е едно од ограничувањата за време на вонредната состојба во државава, соопшти Славјанка Петровска, дополнителен  заменик на министерот за внатрешни работи. На информативната видеосесија за ограничувањата на движењата на граѓаните, односно полицискиот час со цел спречување на ширењето на корона …

Во автомобил да се возат најмногу тројца со заштитна опрема Read More »

Организиран превоз за здравствените работници во полициски час


Во соработка со Град Скопје ќе се организира превоз со возила на ЈСП и со други возила за лицата што имаат дозволи  и одат на работа во време на забрана за движење, пред сè, за вработените во здравствени установи и Клиничкиот центар, кои не можат сами  да се организираат додека трае полицискиот час, соопшти министерот …

Организиран превоз за здравствените работници во полициски час Read More »

Дозволи за движење во полициски час од денеска преку порталот uslugi.gov.mk


Министерството за информатичко општество и администрација од денеска пушти во употреба нова електронска услуга за секој граѓанин да се пријави за потребна дозвола за движење во време на забрана,  преку порталот uslugi.gov.mk, наместо како досега со праќање мејл до МИОА. Министерот Дамјан Манчевски на сесија за прашања и одговори за ограниченото движење соопшти дека треба  …

Дозволи за движење во полициски час од денеска преку порталот uslugi.gov.mk Read More »

Лицата на кои им е лошо, можат без никаква дозвола да се упатат во болница


Граѓаните кои имаат потреба од итна медицинска помош за време на полициски час, можат без никаква дозвола да појдат до здравствена установа. Доколку бидат запрени од полиција потребно е да кажат каде одат, а доколку пак тоа го злоупотребат ќе следат санкции. Ова денеска го соопшти дополнителната заменичка на министерот за внатрешни работи Славјанка Петровска …

Лицата на кои им е лошо, можат без никаква дозвола да се упатат во болница Read More »

Д-р Пановски: Што ќе ни се 200 респиратори?


Што ќе ни се 200 респиратори, кои владата планира да ги набави за борба против корона вирусот, прашува професор доктор Никола Пановски, при неговото гостување во „Само вистина“. Тој смета дека на Македонија не ѝ се потребни толку респиратори, затоа што не се ни користат толку во лекувањето на заболените од Ковид 19. Едноставно, нема …

Д-р Пановски: Што ќе ни се 200 респиратори? Read More »

Како да се добие дозвола за движење во полициски час?


Владата  објави информација кои институции даваат дозволи во услови на ограничено движење на граѓаните на целата територија на државата и за кои категории на граѓани. Во категорија на дозволи кои ги издава МИОА се опфатени: •       Претставници на институции за кои со одлука на Кризниот штаб на Владата е утврдено дека имаат …

Како да се добие дозвола за движење во полициски час? Read More »

ЕФН бара посебни мерки за помош на медиумите во ЕУ поради кризата


Европската федерација на новинари (ЕФН) се сретна со потпретседателката на Европската Комисија (ЕК), Вера Јурова, и побара пакетите за спас од економската криза што ги подготвува ЕК да вклучуваат посебни мерки за помош за медиумскиот сектор, јави дописничката на МИА од Брисел. ЕФН ги повика сите ЕУ институции да преземат брзи и координирани мерки за …

ЕФН бара посебни мерки за помош на медиумите во ЕУ поради кризата Read More »

(Фото галерија) Стигна авионот со помошта од Турција


Авионот со помошта во медицинска опрема од Турција стгна денес на аеродромот во Скопје. Таа содржи 50.000 парчиња заштитни медицински маски, 1.000 заштитни скафандери и 1.000 дијагностички тестови. Помошта ја пречека министерот за надворешни работи Никола Димитров, кој порача дека подавањето рака меѓу земјите дава надеж дека заедно побрзо ќе ги надминеме предизвиците. .-Епидемијата од …

(Фото галерија) Стигна авионот со помошта од Турција Read More »

Со Уредба Владата го одложи извршувањето на казна затвор за лица осудени до три години


До 1 септември 2020 година се одложува и извршувањето на упатните акти, кои се веќе доставени до казнено-поправните установи, освен за упатните акти за кои се веќе издадени меѓународни потерници. Одложување на извршувањето на упатните акти за извршување на казната затвор на лица осудени до три години и тоа до 1 септември 2020 година, освен …

Со Уредба Владата го одложи извршувањето на казна затвор за лица осудени до три години Read More »

Турски државјани си заминаа од Македонија поради корона вирусот


Откако епидемијата од корона вирус го покажа своето дејство и во Северна Македонија, еден дел од турските државјани кои се наоѓаат во оваа земја аплицираа до нашата Амбасада со барање за враќање во Турција, соопштија од турската амбасада. Имајќи ги во предвид тековните услови и можности, од страна на Амбасадата се пружа помош до нашите …

Турски државјани си заминаа од Македонија поради корона вирусот Read More »

На сметката за донации собрани 800.000 евра


  Слободанка Јовановска Околу 800.000 евра е финансиска помош што „легнала“ на сметките што специјално за справување со корона вирусот ги отвори Министерството за здравство неодамна. Во неа не влегуваат  парите што доаѓаат од странските донатори, а кои се наменети за медицинска опрема или за поддршка на економскиот сектор во земјата кој е загрозен од …

На сметката за донации собрани 800.000 евра Read More »

Почина родилката позитивна на Ковид-19, новороденчето не e заболено и е добро


Министерството за здравство попладнево соопшти дека почина родилката позитивна на Ковид-19 од Куманово, која на 30 март на Клиниката на гинекологија и акушерство роди недоносено машко бебенце. Бебето е во добра состоја, но е се уште на интензивна нега на Клиниката за гинекологија. -Министерството за здравство со големо жалење ја информира јавноста дека предмалку почина …

Почина родилката позитивна на Ковид-19, новороденчето не e заболено и е добро Read More »

Уште еден починат од Куманово и 18 новозаразени од корона вирус


На Клиниката за инфективни и фебрилни состојби во Скопје почина едно лице од Куманово на возраст од 73 години. Во својот стан во Кавадарци е пронајдено починато лице на возраст од 44 години, кај кого постмортем е земен брис и истиот вчера потврдил присуство на вирусот. Во денешната статистика е вметнат и пациентот кој вчера …

Уште еден починат од Куманово и 18 новозаразени од корона вирус Read More »

Ограничени контактите на возачите кои излегуваат од државава


На лицата кои патуваат низ земјите со среден и висок ризик на КОВИД – 19, а кои управуваат тешки моторни возила за превоз на прехранбени артикли и друго, за време на нивниот транзит и престој во овие земји, им се препорачува да ги почитуваат следните мерки за лична и колективна заштита: Им се ограничуваат контактите …

Ограничени контактите на возачите кои излегуваат од државава Read More »

МЗШВ: Земјоделците можат на нива и во време на забрана за движење


Земјоделците што имаат работни обврски на своите земјоделски површини на фармите, а кои се наоѓаат во атарот на селото во кое живеат, можат да се движат за време на забраната за движење, исклучиво заради извршување на работните активности без да вадат дозволи за движење, информира Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ). Земјоделците пак, се …

МЗШВ: Земјоделците можат на нива и во време на забрана за движење Read More »

Уставниот суд ја разгледува одлуката за распуштање на Собранието


Иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за распуштање на Собранието на Република Северна Македонија денеска се најде пред Уставните судии, но врз основа на дискусиите на судиите, како и поради значењето на предметот седницата ќе продолжи во наредните денови, информираат од Уставниот суд. – Уставниот суд на Република Северна Македонија, денеска одржа …

Уставниот суд ја разгледува одлуката за распуштање на Собранието Read More »

МЗ: Лицата со кардиолошки заболувања со зголемен ризик


Министерството за здравство денеска објави препораки од кардиолозите, кои сметаат дека срцевите заболувања го зголемуваат ризикот при пандемија на КОВИД 19 и оти навремените информации и препораките се силно оружје за срцевите болни, кои треба да се запознаени дека имаат зголемен ризик за да можат да се заштитат и да го намалат тој ризик од …

МЗ: Лицата со кардиолошки заболувања со зголемен ризик Read More »