Турски државјани си заминаа од Македонија поради корона вирусот


Откако епидемијата од корона вирус го покажа своето дејство и во Северна Македонија, еден дел од турските државјани кои се наоѓаат во оваа земја аплицираа до нашата Амбасада со барање за враќање во Турција, соопштија од турската амбасада.


Имајќи ги во предвид тековните услови и можности, од страна на Амбасадата се пружа помош до нашите државјани со цел да им се овозможи трансферот со автобус преку Бугарија кон Турција.


На 1 и 3 април 2020 година нашите државјани со 2 автобуса остварија влез во Турција преку граничниот премин Капикуле. Додека пак на 8 април 2020 година 2 автобуса се упатени кон Турција.


Им благодариме до надлежните органи на Северна Македонија и Бугарија кои ја дадоа потребната поддршка во реализацијата на патувањето на нашите државјани по копнен пат, соопшти амбасадата.