Почнаа уписите на штипскиот универзитет „Гоце Делчев“


Почнаа уписите за академска 2019/2020 година на Универзитетот „Гоце Делчев“(УГД) – Штип. Проректорот за настава Кирил Барбареев на денешната прес-конференција информира дека до попладневните часови околу 500 матуранти аплицирале на еден од 12 факултети и три академии на УГД-Штип. Тој забележа дека и оваа година најголем интерес за уписи има на Медицинскиот факултет и тоа …

Почнаа уписите на штипскиот универзитет „Гоце Делчев“ Read More »

Камчев утрово на распит за „Рекет“


Орце Камчев, според неофицијални информации на „Правосудство.мк“, утрово давал  исказ во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, каде што дава исказ за случајот „Рекет“. Според информациите, Камчев утрово се вратил во земјава и веднаш се упатил кон Обвинителството каде што, засега, а во рамки на преметот „Рекет“ има статус на сведок. Камчев …

Камчев утрово на распит за „Рекет“ Read More »

Ќе се формира регистар на професионални онлајн медиуми


Формирање регистар на професионални он лајн медиуми со кој ќе и се посочи на јавноста кои медиуми ги исполнуваат критериумите да бидат медиуми, но и кои се тие кои се придржуваат до новинарскиот кодекс при своето работење и имаат транспарентно сопствеништво и импресум, најавија денеска од Здружението на новинарите на Македонија, Стопанската комора и Советот …

Ќе се формира регистар на професионални онлајн медиуми Read More »

Без договор и денешната средба на власта и опозицијата за законот за ЈО


Не е постигнат напредок во разговорите меѓу власта и опозицијата за новиот закон за јавното обвинителство кој утре влегува во собраниска процедура, изјави министерката за правда Рената Дескоска. По денешната средба на работните групи во Собранието, Дескоска рече дека останува клучната разлика, а тоа е статусот на предметите на СЈО. Власта, како што кажа, застапува …

Без договор и денешната средба на власта и опозицијата за законот за ЈО Read More »

Со „One stop shop“ на Табановце-Прешево годишна заштеда од осум милиони евра за превозниците


Со заедничкото гранично управување што стартуваше денеска на ГП Табановце Прешево се очекува превозниците да имаат заштеда од околу осум милиони евра на годишно ниво, извозот на двете страни да се зголеми за четири проценти, а надворешната размена за осум проценти и бројот на туристи за осум проценти. Преку ГП Табавноце лани поминале околу 200 …

Со „One stop shop“ на Табановце-Прешево годишна заштеда од осум милиони евра за превозниците Read More »

Започна првиот уписен рок на Универзитетот во Тетово


Од денес до петок 30 август средошколците може да се пријават во рамки на првиот уписен рок на Универзитетот во Тетово. Во текот на оваа недела потребна е апликација на интернет страницата на Унивезритетот како и да се достават потребните документи. -Според конкурсот во јули месец се предвидува да се запишат околу 3000 на вкупно …

Започна првиот уписен рок на Универзитетот во Тетово Read More »

Жбогар: „Рекет“ стана риалити шоу, судството има поддршка за брзо процесирање на случајот


Судството веројатно сфаќа дека можеби ја има последната шанса да ја врати довербата кај граѓаните со независна, целосна и брза истрага на случајот „Рекет“, но и на сите други случаи на СЈО. Судството треба да најде сила да му даде отпор на притисокот, независно од каде тој доаѓа, и за тоа има целосна поддршка од …

Жбогар: „Рекет“ стана риалити шоу, судството има поддршка за брзо процесирање на случајот Read More »

Заев ќе биде повикан да сведочи за случајот „Монструм“


Премиерот Зоран Заев ќе биде повикан да сведочи за случајот „Монструм“, односно за петкратното убиство што се случи кај Смиљковското Езеро, најави обвинителката Фатиме Фетаи на денешното судско рочиште, пишува Фокус. Откако судијата Огнен Ставрев најави дека од наредното рочиште закажано за 5 септември ќе почне со презентирање на „бомбите“, еден од родителите на убиените …

Заев ќе биде повикан да сведочи за случајот „Монструм“ Read More »

Почна средбата на работните групи за законот за јавно обвинителство


Во Собранието попладнево почна средбата на работните групи од власта и опозицијата кои треба да ги усогласат ставовите околу законот за јавно обвинителство со кои треба да се реши идниот статус на Специјалното јавно обвинителство. Средбата е затворена, а на неа присуствуваат министерката за правда Рената Дескоска и Бојан Маричиќ, советник за евроатлантски интеграции на …

Почна средбата на работните групи за законот за јавно обвинителство Read More »

(ВИДЕО) Официјален пречек на српската премиерка Ана Брнабиќ


Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, е домаќин на делегација од Република Србија, предводена од премиерката Ана Брнабиќ. Посетата започна со отворањето на One Stop Shop на граничниот премин Табановце-Прешево. Брнабиќ, освен со Заев ќе има оствари средба и со претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски.

Пендаровски: Очекувам напредок на комисијата со Бугарија


Договорот со Бугарија го постигнавме полесно, но во имплементацијата може да имаме проблеми. Во комисијата на историчари има политички влијанија, а околностите и амбиентот не е како пред 5-6 месеци, оцени претседателот на државата Стево Пендаровски на денешниот состанок на Амбасадорскиот совет, на кој два дена ќе се дикутира и ќе се градат насоки за …

Пендаровски: Очекувам напредок на комисијата со Бугарија Read More »

Седумнаесет години од погибијата на полициски резервисти во Гостивар


Со комеморативен собир во гостиварската населба Циглана денеска се одбележаа седумнаесет години од погибијата на полициските резервисти, Даил Јанкоски и Александар Николиќ. Во нивна чест, на местото каде што загинаа, претпладнево дојдоа родинини, пријатели, колеги од полицискиот синдикат на ПС Гостивар и од ОК ВМРО-ДПМНЕ Гостивар кои запалија свеќи и положија цвеќиња. Полицискиот пункт на …

Седумнаесет години од погибијата на полициски резервисти во Гостивар Read More »

Катругалос: Позитивна разврска е признавањето од Владата на позитивната улога на Договорот од Преспа


Позитивна разврска е признавањето на позитивната улога на Договорот од Преспа, пишува поранешниот министер за надворешни работи на Грција и пратеник од СИРИЗА, Јоргос Катругалос во неговата колумна под наслов „Континуитет и дисконтинуитет во надворешната политика“ за весникот „Неа селида“, во која ги анализира позициите на актуелната грчка влада во надворешната политика. Поранешниот шеф на …

Катругалос: Позитивна разврска е признавањето од Владата на позитивната улога на Договорот од Преспа Read More »

(ВО ЖИВО) На Табановце почнува заедничкото гранично управување со Србија


Премиерите на Северна Макеоднија и на Србија, Зоран Заев и Ана Брнабиќ, на граничниот премин Табановце го означуваат почетокот на заедничкото гранично управување „Оне стоп шоп“. На ГП Табановце – Прешево од денеска се поминува со едно чекање на заедничката испостава што ја воспоставија граничните служби од Северна Македонија и од Србија со проектот за …

(ВО ЖИВО) На Табановце почнува заедничкото гранично управување со Србија Read More »

Брисел за СЈО: Веруваме во институции, не во личности


Белгија – Европската Комисија смета дека на македонските политички сили е да изнајдат договор за замената на Катица Јанева во согласност со законот и потенцира дека нема никаква улога во овој процес. -Воспоставувањето на Специјалното јавно обвинителство на Северна Македонија беше дел од Договорот од Пржино помеѓу сите главни политички партии во земјата, вели Маја Коцијанчич, …

Брисел за СЈО: Веруваме во институции, не во личности Read More »

Пожарот кај Охрид локализиран, жариштето се уште активно


Пожарникарите вклучени во акцијата за гаснење на пожарот кај охридското село Опеница кои ноќта ја минаа на терен, изјавија дека огнот моментално е локализиран, но активно е неговото жариште, а температурата е висока што значи оти во секој миг може пожарот повторно да пламне. Тоа што најмногу пречи во справувањето со стихијата, е густата непристапна …

Пожарот кај Охрид локализиран, жариштето се уште активно Read More »

Димитров: Законот за ЈО и „Рекет“ клучни за старт на преговорите со ЕУ


Донесувањето на законот за јавно обвинителство и водењето транспарентна, непристрасна истрага за случајот „Рекет“, се двете клучни работи кои многу ќе ни помогнат да добиеме датум за почеток на преговорите со ЕУ во октомври, рече министерот за надворешни работи Никола Димитров, пред почетокот на Амбасадорски совет во МНР. Според Димитров, последниве две години има интензивно, …

Димитров: Законот за ЈО и „Рекет“ клучни за старт на преговорите со ЕУ Read More »

СОНК најавува штрајк: Неизвесен е почетокот на учебната година


Една недела пред почетокот на учебна 2019-2020 година, Синдикатот за образование (СОНК) се заканува со штрајк. Наставниците се незадоволни од најавеното зголемување на платите од пет отсто. Претседателот на СОНК, Јаким Неделковски, ѝ дава рок на Владата од уште една недела и бара Синдикатот да биде активен учесник во креирањето на буџетот за образованието за …

СОНК најавува штрајк: Неизвесен е почетокот на учебната година Read More »

Шеесетина планинари на летното искачување на Титов врв


На 11. традиционално летно искачување на најависокиот шарпланикси Титов врв учествуваа 60-тина планинари. Како што информираат од планинарските клубови „Тетекс“ и „Јелак“ од Тетово кои заеднички ја организираа манифестацијата, планинарите се искачија на 2.747 метри надморска височина. -Според предвиденото, искачувањето почна во седум часот на Попова Шапка и траеше до 10:30, кога првите планинари стигнаа …

Шеесетина планинари на летното искачување на Титов врв Read More »

Јанева го спремала Камчев за заштитен сведок против Мијалков?


Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева наводно разработила неколку сценарија со кои сакала бизнисменот Орце Камчев да го спаси од затвор како осомничен во случајот „Империја“, напиша вчера „Фокус“. Според медиумот, ова се заклучува од неодамнешната изјава на републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, кој образложуваше зошто Јанева од сведок стана осомничена во случајот „Рекет“. – Според …

Јанева го спремала Камчев за заштитен сведок против Мијалков? Read More »