Не е храброст да шетате надвор, храброст е да се остане дома


Фото: Б. Грданоски

Не е голема храброст да шета на улица. Штосот е некој да биде храбар и да остане дома, вели д-р Жарко Караџовски.

За него е несфатливо кога ќе слушне дека во еден ден приведени се по 200 лица, кои биле затекнати надвор во време на полициски час.

Тој не се сложува една општина да биде прогласена за стерилна, како што предлага градоначалникот на Кичево, а сите други да останат надвор од таква мерка. Ако сите се придржуваат до мерките кои ги воведува Владата, Караџовски смета дека тоа е најдобар начин да се заштитиме сите.