Жбогар ќе се збогува со Македонија со 31 фотографија


Евроамбасадорот Самуел Жбогар денеска преку социјалните мрежи најави дека за 31 ден ќе ја напушти Македонија. Најави дека во преостанатите денови ќе објавува по една слика на ден што ќе му остане во сеќавањата. -Возбуден сум што се враќам дома, но истовремено сум облиен со емоции за времето што го оставам зад себе. Со 30 […]

Здравствен работник од Берово е втората жртва од Ковид-19 во Малешевијата


Здравствен работник од Берово е втората жртва од Ковид-19 во Малешевијата. Станува збор за пациентка на возраст од 57 години која по позитивниот тест пред повеќе од 48 часа, заедно со нејзиниот сопруг, кој исто така е здравствен работник биле примени во болница. Според информации од лица блиски на пациентите, во текот на вчерашниот ден […]

Само 87 нови случаи со Ковид-19, но починаа петмина


Во последните 24 часа се направени 1.156 тестирања, а регистрирани се 87 нови случаи на Kовид-19 во: – Скопје 34 – Куманово 13 – Тетово 8 – Струга 1 – Битола 1 – Кавадарци 4 – Гостивар 20 – Струмица 2 – Берово 1 – Кичево 3 Починати се пет пациенти, три пациенти од Скопје […]

Град Скопје има пари за субвенционирање на уште 2.400 инвертер клими


Град Скопје ги потсетува граѓаните од сите скопски општини дека е во тек јавниот повик за доделување субвенции за инвертер клима уреди за затоплување на домаќинствата, каде што граѓаните може да аплицираат онлајн. Од почетокот на отворањето на јавниот повик за субвенции за инвертери поднесени се 2.623 апликации, а остануваат средства за уште околу 2.400 […]

Вработените од Бирото за развој на образованието работат од дома


Откако во јавноста се појави информација дека вработените во Бирото за развој на обрзованието се на колективен одмор, место пред почетокот на учебната година да работат на скратени програми и насоки како да се одвива наставата во услови на Ковид-19, од таму демантираат и велат дека работат од дома. – Со оглед на здравствената криза […]

Во болницата во Чаир се раѓаат повеќе новороденчиња


Во Специјалната болница по гинекологија „Мајка Тереза“ во Чаир, евидентирано е зголемување на бројот на породувања во изминатите седум месеци, во споредба со истиот период минатата година, соопшти Министерството за здравство. Од почетокот на оваа година, до крај на јули, годинава, се извршени 2.511 породувања, што е за речиси 300 породувања повеќе, во однос на […]

Филипче: Се подготвуваме за полошо сценарио


Не знаеме каква есен нè чека, мора да бидеме внимателни особено со децата. Полошо сценарио значи поголем број пациенти и од сезонски грип, кои ги окупираат истите одделенија на кои сега лежат пациенти со ковид. Се спремаме за лоши сценарија со многу пациенти, но се надевам дека луѓето ќе бидат свесни и дека ќе се […]

СДСМ и ДУИ работат на хармонизација на изборните во владина програма


Генерални секретари на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и Демократската унија за интеграција викендов ги продолжуваат интензивните консултации и работата на постигнување коалициски договор меѓу Коалицијата „Можеме”, предводена од СДСМ и ДУИ за формирање нова влада со четиригодишен мандат. Двете партии информираа  дека по утврдувањето на коалициските принципи и определби, преговарачките екипи работат на хармонизација на […]

Братот на Ахмети со порака: Стремете се кон Албанија, не сме исто племе со нив


Братот на Али Ахмети, лидерот на ДУИ, Фекри Ахмети, им се обрати на граѓаните од албанска национална припадност, а притоа изнесе  скандалозни квалификации за Македонците. Како што пренесе ТВ24 тој во видеото вели: „О Албанци, соберете се денес за единство, бидејќи само неразделни можете да напредувате. Знаење и слобода се стекнуваат само кога ќе постои […]

Плаќањето за градинка во време на корона вирус е влог во подобро претшколско образование


Градинките низ Македонија не работат од средината на март. На Општините беше оставено да одлучат дали за запишаните деца треба да се плаќа месечна сметка, иако не одат во градинка. Дел од нив одлучија да ги намалат сметките на минимален износ. Така е и во Општина Карпош каде средствата кои родителите ги уплаќаат во градинките, […]

Пациентка со Ковид-19: Издржав за да си го видам детето


Пациентка од Царев Двор, која била на кислородна поддрша вцело време, а се лекувала во две болници, ја победи болеста. Нејзината приказна ја пренесе министерот за здравство Венко Филипче на својот Фесјбук профил. „Најмногу од сѐ сакав да си го видам детето, затоа и издржав. Имав многу тешко лекување од коронавирусот – 24 дена траеше […]

Преговорите за влада далеку од очите на јавноста


СДСМ и ДУИ во принцип постигнале договор, но останале крупни разлики што треба да се усогласат до крајот, меѓу кои и тоа кој ќе биде премиер, при што ДУИ инсистира тој да биде Албанец, а СДСМ не попушта. Официјално, СДСМ и ДУИ тврдат дека продолжуваат консултациите, а и во соопштенијата кои ги испраќаат, пишува  дека […]

Во болница од Ковид-19 се лекуваат 354 пациенти, на респиратор се четворица


  Со денешните 141 новозаразени, во Македонија има 2.991 активен случај, а од нив 354 се лекуваат во болница, додека четвора се на респираторна машина. На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се пет пациенти. Вкупно се хоспитализирани 78 пациенти. На кислородна поддршка се 41 пациент, нема на механичка вентилација. Во болницата во Козле […]

Нови 141 заболени со Ковид-19, починаа четворица


Во последните 24 часа се направени 2.006 тестирања, а регистрирани се 141 нови случаи на Ковид-19 во: -Скопје 51 -Куманово 19 -Дебар 2 -Штип 15 -Прилеп 6 -Тетово 6 -Струга 16 -Велес 2 -Битола 4 -Охрид 2 -Кавадарци 1 -Гостивар 2 -Гевгелија 1 -Радовиш 1 -Пробиштип 2 -Македонски Брод 2 -Берово 1 -Виница 2 -Делчево […]

Вирусот влезе во Психијатриската болница во Демир Хисар, заразени 17 пациенти


  Анета Блажевска БИТОЛА – Корона вирусот влезе во Психијатриската болница во Демир Хисар каде се заболени 17 пациенти, а една штитеничка почина како потврден позитивен случај. Се претпоставува дека вирусот го пренел некој од вработените, бидејќи болеста е потврдена кај двајца вработени, односно првиот случај е кај медицинска сестра. Во болницата има околу 300 […]

Граѓаните во банките чуваат 4,6 милијарди евра, осигурени се 3,3 милијарди


Граѓаните во банките чуваат приближно 4,6 милијарди евра, од кои осигурени се 3,3 милијарди евра, изјави во интервју за МИА, Борче Хаџиев, директор на Фондот за oсигурување на депозити. „Во случај на одземање на дозволата за работа на некоја од членките на ФОД, се обесштетуваат осигурените депозити, но не повеќе од денарска противвредност од 30.000 […]

ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека струмичка агенција добила над 20 милиони евра од тендери


Омилената агенција за обезбедување на власта со газда струмичанец, покрај од универзалниот снабдувач со електрична енергија, добива тендери со вртоглави суми и од други државни институции и општини каде што СДСМ и Заеви се на власт. На листата се СОЗР, град Скопје, општина Аеродром, општина Ѓорче Петров, СЦ Борис Трајковски, Катастар…, изјави Димче Арсовски, портпарол […]

Локални поројни врнежи, ветер, грмежи и град викендов


Локални поројни врнежи од дожд, на места доста интензивни, во вид на невреме и проследени со ветер, грмежи и град се очекуваат викендов, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Ваквите процеси, како што се посочува, можат да предизвикаат појави на течење и слевање на вода низ градските улици поради неможноста за одведување на водата во толку […]

Филипче: Во тек е реновирање на Клиниката за максилофацијална хирургија


Клиниката за хирургија, вилици и врат – максилофацијална хирургија информира дека во тек е подобрување на условите во установата. Преку донација од Амбасадата на Соединетите Американски Држави, во вредност од 350 илјади евра комплетно се реновира целиот објект, со вкупна површина од 1500м2. Проектот се реализира во три фази, согласно американските договорни регулативи, врз основа […]

Пропадна и вториот тендер за уривање на дивоградбата кај Мавровка


И вториот тендер на општина Чаир за избор на компанија која ќе ги урива дивоградбите на територијата на општината пропадна. И на вториот тендер не се пријави ниту една фирма. За тоа како понатаму, општината ќе одлучува во понеделник, најави градоначалникот Висар Ганиу. Кога се издаде решението на уривање на објектот, општината информираше дека не […]