Корона тестот на Заев е негативен


Денеска го добив резултатот од тестот за КОВИД-19 и тој е негативен.
Многу е важно сите до еден да го чуваме сопственото здравје и здравјето на сите други околу нас. Со целосно почитување на мерките и препораките секој од нас може да даде придонес за јавното здравје.
Да носиме заштитни маски, да држиме физичка дистанца, да ги избегнуваме големите групни настани и на тој начин заеднички ќе ја добиеме битката со КОВИД-19, објави премиерот Зоран заев на Фејсбук.
Тестот стана актуелен откако министерот Оливер Спасовски објави дека е позитивен на Ковид и дека останува во самоизолација да се лекува.