Џафери: Ротирачки спикер или премиер е прашање на политички договор


Претседавачот на Собранието Талат Џафери изјави дека ќе закаже продолжение на конститутивната седница штом добие потврда дека партиите ги решиле двете останати прашања – избор на претседател на законодавниот дом и комисија за избори и именувања. Вели дека не е и нема намера да биде причина за блокирање на институцијата и оти ги следи процедурите. […]

Политиката во Македонија најподложна на штетни влијанија


Политиката, пишува Мета, е област со најголем ризик за странски штетни влијанија во Македонија. Тоа го покажала серијата студии на СТРАТКОМ – Центарот за извонредност во стратегиски комуникации на НАТО, спроведени од првата половина на минатата до мај оваа година. Како најголеми ризици се наведени корупцијата, слабите институции и судскиот систем и концентрацијата на моќ во […]

Регистрирани нови 103 случаи со Ковид-19, починаа тројца


Во последните 24 часа се направени 912 тестирања, а регистрирани се 103 нови случаи на Ковид-19 во: -Скопје 13 -Куманово 26 -Штип 5 -Прилеп 7 -Тетово 3 -Охрид 2 -Кавадарци 6 -Гостивар 15 -Гевгелија 2 -Струмица 1 -Крива Паланка 2 -Демир Хисар 7 -Берово 1 -Виница 5 -Делчево 2 -Свети Николе 3 -Кичево 2 -Неготино […]

Армијата одбележува 28 години од своето постоење


На воениот стадион во Градскиот парк во Скопје утре ќе биде одбележан Денот на Армијата на Република Северна Македонија. Свеченоста ќе се реализира во согласност со протоколот на Комисијата за заштита од заразни болести за одбележување државни празници. Како што најавија од Генералштабот на Армиата обраќање ќе имаат претседателот на Република Северна Македонија и Врховен […]

Груевски се повикал на помилувањето на Иванов за тепањето во Општина Центар


Поранешниот премиер, Никола Груевски можно е да не одговара во случајот „Насилства во општина Центар“.Адвокатот Петар Тимовски, кој му е назначен на Груевски по службена должност, на денешното рочиште доставил поднесок до судот дека Груевски е помилуван и оти не може да одговара во овој случај. Тој се повикал на помилувањето од страна на поранешниот […]

Разрешен директорот на ЈП Улици и патишта – кај него најден кокаин


Директорот на ЈП Улици и патишта – Скопје, Сенад Смаиловиќ денеска е разрешен од функцијата. За разрешувањето објави градоначалникот на Скопје Петре Шилегов. – Почитувани, дозволете ме да ја известам јавноста дека досегашниот директор на ЈП „Улици и патишта“ – Скопје денес е разрешен од досегашната фунција, напиша Шилегов на неговиот Фејсбук профил. Во полицискиот […]

МЗ: Преку МојТермин, ЈЗУ почнаа да креираат термини за прегледи и интервенции во септември


Министерството за здравство соопшти дека согласно епидемиолошката состојба со Ковид-19 во државата, веќе може да се закажуваат прегледи и интервенции во електронскиот систем МојТермин. Сите јавни здравствени установи веќе ги креираат термините за прегледи и интервенции во септември. Согласно изготвениот план за работа, а во соработка со Управата за електронско здравство, ќе бидат повикувани пациентите […]

Во Крива Паланка и Кратово 31 лице во изолација


 На вкупно триесет и едно лице од општините Крива Паланка, Ранковце и Кратово им е изречена мерка за изолација заклучно со вчерашниот ден, информира службата за комуникација со јавност при Секторот за внатрешни работи, Куманово. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, во периодот од 10 до 17 август 2020 година на подрачјето на Полициската станица од општа надлежност […]

Албин Курти ќе прави „Самоопределување“ во Македонија


Неколку поддржувачи на Алијансата за Албанците (АА) ќе ја реализираат идејата на лидерот на  Движењето Самоопределување (ВВ), Албин Курти за проширување на тој политички субјект и во Македонија, тврди приштинскиот портал „Газета експрес“. Според порталот, лицето кое ќе ги започне активностите за формирање на ВВ во Северна Македонија е професорот и политички аналитичар Арсим Синани, […]

Познат стечајниот управник за Еуростандард банка, првото рочиште закажано на 8 октомври


Стечајната постапка над должникот Еуростандард банка АД Скопје ќе ја води стечајниот управник Душко Тодевски од Скопје, а првото рочиште за испитување и утврдување на пријавените побарувања е закажано за 8 октомври годинава, информираат денеска од Основниот граѓански суд Скопје. – Поради поголемата заинтересирност на медиумите во врска со предметот СТ – 123/20, Ве известуваме […]

НСДП предлага учебната година воопшто да не почне


Во пресрет на први септември, денот кога започнува учебната година и носењето на одлука за начинот на кој ќе се одвива образовниот процес во услови на пандемија на корона вирусот, НСДП предлага Комисијата за заразни болести и Владата да ја разгледаат и можноста оваа учебна година во целост да не започне, односно учениците да останат […]

Пендаровски: Историскиот континуитет на македонскиот јазик е неспорен


Претседателот Стево Пендаровски, преку видео порака се обрати на Летната школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, што оваа година поради пандемијата со КОВИД-19 се одржува дигитално. Оваа летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура ја организираме во несекојдневни услови, посочува претседателот Пендаровски, додавајќи дека поради пандемијата од […]

Скопје доби нов мурал од уличниот артист Андреј Јосифовски


Зградата веднаш до гимназијата „Јосип Брз Тито“ во Скопје доби нов уметнички мурал насликан од архитектот и уличен артист од Белград Андреј Јосифовски, познат под псевдонимот „Пијанист“. Муралот претствува прва арт-реклама на ѕидна фасада во Скопје, кој е нарачка од Халкбанк АД Скопје, како поддршка за заедницата и ја пренесува пораката „Важни се луѓето“, што […]

Македонска организација учествува во подготовка на прирачник за тренери за вработување лица со попреченост


Македонски стручни лица учествуваа во подготовка на прирачник со кој се подобруваат можностите за вработување за возрасни лица со интелектуална попреченост, информираа денеска од граѓанската организација „АктивУм“. Организацијата заедно со сродни организации од Шпанија, Грција, Турција и Полска во рамки на проектот „Едукативен метод што доведува до подобрување на вработливоста на возрасните лица со интелектуална попреченост“, учествуваше […]

Продолжен рокот за аплицирање за сместување во студентските домови


Министерството за образование и наука информира дека рокот за електронското аплицирање и поднесување документи за сместување во студентски дом во академската 2020/2021 за студентите од втора и повисоките години на студии е продолжен за седум дена и наместо денеска ќе заврши на 25 август, согласно со измените на Конкурсот. Конечните списоци со примени кандидати ќе бидат […]

Честитка за Денот на Армијата


Претседателот на Македонскиот полициски синдикат Марјан Кицев во лично и во име на сите членови на синдикатот, по повод 18-ти Август, Денот на Армијата на Република Северна Македонија, денеска упати честитка до армиските припадници. – Вашето несебично залагање и посветеност во време на прогласена пандемија од КОВИД-19, го докажуваат и потврдуваат Вашиот професионализам и придонесуваат […]

Пановски: Учебната година требаше да почне на 15 август


  Докторот и макробиолог Никола Пановски, во разговор за телевизија Сител прашува зошто децата од второ и трето одделение треба да одат во училиште. Тој смета дека и средношколците кои се прва година треба да ги посетат училиштата, односно само оние кои се запознаваат со новите наставници. Според него, учебната година требало да почне на […]

Сопругата на претседателот Пендаровски одржа стручно предавање за студенти по медицина


Сопругата на претседателот на државата Елизабета Ѓоргиевска вчеравечер во Вила Водно одржа стручно предавање за дваесетина студенти по медицина, на кое присуствуваше и министерот за здравство Венко Филипче. Предавањето на тема: „Симплифицирана 3D-визуелизација: µCT евалуација ин витро и ин виво“ беше организирано во соработка со Здружението на студентите по медицина, како дел од иницијативата почната во февруари […]

Дел од жителите на Карпош, Чаир и Бутел денеска и утре без струја


ЕВН информира дека паради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, денеска и утре без електрична енергија ќе останат  дел од корисниците во општините Карпош и Бутел. Од 09:00 до 15:00 часот денеска без струја ќе останат дел од улиците: „Римска“, „Атинска“ и „Анкарска“ во општина Карпош. На ден 18.08.2020 година (вторник), од 09:00 до 15:00 часот, […]

Сончево со мала до умерена облачност, попладне наместа пороен дожд и грмежи


Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне на места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 26 до 31 степен. УВ-индексот ќе изнесува 7. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност, попладне со услови за […]